На ден 21.02.2023 завршија трите обуки во рамките на ЦКА-ПХВ Циклусот во Општинската Организација на Црвен Крст Битола.
ПХВ програмата промовира култура на дијалог, како основа за интеркултурно општество, преку промовирање на вредностите на ЦК и промовирање активни знаења, а како основа за активен пристап кон животот.
Програмата претставува комуникациско дисеминациски модел во рамките на Националното друштво, но и образовна форма која ги активира младите да создадат чувство за сопствената култура, како и чувство за други култури. Промовира активен пристап кон животот, поквалитетна врска со училиштата, како и прилив, обука и здржување на волонтери.
Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) повеќе од 20 години претставува национална алатка за регрутирање и задржување на волонтери на возраст од 13 до 17 години во Црвениот крст.
Во 2023 година:
- програмата ќе се се имплементира во 30 Општински организации на Црвениот крст;
- ќе бидат обучени 1.110 младинци на возраст до 13 до 17 години;
- 37 дисеминатори ќе дадат поддршка за реализиција на програмата;
- 9 ПХВ ментори ќе дадат поддршка за реализиција на програматa.
Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, за културата како систем од вредности и како да изработуваат мали проекти за помош во заедницата. Тие ја менуваат својата дневна рутина, поминуваат време во истражувања, активности, промоции, разговори со целните групи, тимска работа со цел изработка на малите проекти и помош на лицата кои се таргетирани од нивна страна.
Во текот на една година се изработуваат:
- околу 130 мали проекти;
- се вложуваат повеќе од 25 000 волонтерски часа во заедницата;
- се помага на околу 2 500 лица;
- се собираат повеќе од 25 000 евра од заедницата кои се враќаат во заедницата;
Во Битола се опфатени сите средни училишта – односно 30 младинци кои во текот на следните неколку месеци треба да ги реализираат малите проекти, тие се поделени во 5 групи и истите треба да реализираат барем по еден мал проект.
Оваа година Дисеминатор на целокупниот процес е Пеце Крстевски кој со неговото долгогодишно искуство како волонтер во Црвениот крст и неговото долгогодишно искуство во работење на различни видови проекти е одличен бенефит за младите да добијат уште повеќе информации и знаење.
Иван Јовановски, учесник во ЦКА-ПХВ Циклусот во ООЦК Битола изјави:
„Приклучувањето во ЦКА – ПХВ циклусот за мене беше еден нов ПРЕДИЗВИК! Сметам дека секогаш имаме можност да го збогатиме нашето искуство и познаење но секогаш зависи од нас колку ќе се вклучиме и посветиме на истото. Имав прилика од досегашните обуки да научам како се работи тимски, со какви пречки можеме да се сретнеме, препознавање на проблем и сл. Сакам да научам како да ја пронајдеме вистинската личност која што и е неопходна нашата помош и подршка, припремањето и остварувањето на еден проект, целосно искористување на сите достапни ресурси и достигнување на замислениот врв. Ценет си за секоја остварена цел!“
Ана Котевска, учесник во ЦКА-ПХВ Циклусот рече:
„ПХВ циклусот за мене претставува хуманитарна обука која има за цел преку проекти да помогне на оние кои им е потребна помош. До крајот на 3те обуки имав убави очекувања дека ќе научам многу нови работи и дека убаво ќе си поминам и не се разочарав што бев дел од овој циклус. Со работилниците што ги правевме и игрите кои ги игравме научивме како да пишуваме проект, да бидеме сложни и научивме да обрнуваме повеќе внимание на деталите кои се многу битни ако сакаме да бидеме дел или да направиме од проект.Се поделивме во тимови со еден тим по еден лидер и ментор и сите групи до месец мај ќе имаат изработено проекти. Мило ми е што учествував на оваа обука и му благодарам на Пеце што ни ја направи оваа обука преинтересна и преку тоа и едукативна. Нема да се разочарате и вие ако учествувате.“
Пеце Крстевски, Дисеминатор на ЦКА-ПХВ Циклусот при ООЦК Битола изјави:
„ПХВ Циклусот за мене претставува враќање пред околу 6-7 години кога јас бев учесник во овој циклус. Преголемо е задоволството да се биде дел од тимот кој во следниов периот ќе прават премону за да помогнат на многу фамилии и целни групи. Сметам дека моето искуство придонесува итоа колку за целокупниот процес. Токму ПХВ циклусот е причината за јас да можам да го работам тоа што го работам сега, и да бидам сега гаде што сум. Навистина сум исполнет кога учесниците го сфаќаат тоа што им се кажува и тоа што им се предава, сметам учесниците се стекнаа со доволно информации за да можат да реагираат на терен и за да можат да почнат со работа. Исто така ми е мило што сме првата општинска организација која веќе ги заврши сите 3 обуки. Останува ушта започнување со целокупниот процес и реализација на малите проекти. Оваа година сме први.“