Bitola otvoren grad 2025 8

Со отворање на изложбата „When Do I Stop?“ од визуелниот уметник Харис Муриќ, започна 24. издание на Битола Отворен Град – фестивалот што веќе четврт век не е само културен настан, туку платформа за гласови, генерации и изрази што одбиваат да бидат маргинализирани.

На пресот зборуваа директорот на МКЦ-Битола Сашо Додовски, извршниот директор Златко Талевски, како и самиот автор Харис Муриќ, кој пред битолската публика се претставува со избор на 25 постери – резултат на едногодишен креативен предизвик, во кој секоја недела од 2024 година создал по едно дело.

„Фестивалот не постои за да создаде тренд – туку за да не исчезне културниот континуитет,“ истакна Додовски. „Битола Отворен Град е дел од идентитетот на МКЦ и на самата Битола – упорна точка на културна автономија што не се прилагодува на шаблони, туку ги создава.“

Талевски додаде: „Секоја година се менува сè – освен потребата младите да имаат сцена, простор, збор. Овој фестивал постои токму за нив. За оние што први пуштаат звук, што први излегуваат на сцена, што го прават првиот чекор.“

Изложбата „When Do I Stop?“ е поставена во МКЦ Битола и ќе биде достапна до крајот на фестивалот.

1000006938 edited

Фестивалската програма продолжува со содржини што не се по вкус на алгоритми – туку на луѓе со изграден однос за култура:

Четврток, 26 јуни

11:00 – DJ работилница со Herzel (Porta Jazz)

22:00 – Концерт на Gnezdo FM Jam Orchestra, кај пешачкиот премин кај х. Епинал, Широк Сокак

Петок, 27 јуни

11:00 – Работилница за поезија со Марија Бошковска (МКЦ Битола)

21:00 – DJ сетови со DJ Goce, DJ Chvare, Double G (Пацио на НУ Музеј Битола )

Сабота, 28 јуни

11:00–17:00 – Берза на винили со DJ Chiko (Кафе бар Јагода)

21:00 – Концерт на млади бендови: PrekuRed, Tsar Von Time, Mamut (Скејт парк, Шеталиште Битола)

Битола Отворен Град 2025 не е викенд-фестивал, туку град што останува отворен за културата, уметноста и зборот што менува.

Влезот на сите настани и за сите локации е бесплатен.

Како бескрајното скролување влијае врз вниманието, меморијата и самоконтролата
Во дигиталната ера каде што секој клик, лајк и брз видео носи …
Децата не треба да се фалат прекумерно, велат научниците
Советите за воспитување деца често се менуваат. Бидејќи науката нуди некои нови …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…