ECD Cooperation nas

Во текот на месец март Здружението за поттикнување на економскиот и културен развој ЕРЦ Соработка Битола го имплементираше проектот ‚‚Танцуваме, готвиме, волонтираме!“ со 20 млади од македонска, албанска, турска и ромска етничка припадност.

ECD Cooperation 2

Целта на проектот е да се подигне свеста за значењето и придобивките од културната разноликост и меѓусебно почитување, како и да се поттикне активно учество на младите во процесите кои придонесуваат за социјалниот и културниот развој на нивните заедници.

Планираните активности беа дизајнирани со цел да овозможат младите да учат едни од други, да развиваат сочувство и да  ја ценат уникатноста на секоја култура.

ECD Cooperation 01

Во склоп на активностите учесниците се запознаа со различни организации и институции кои нудат можности за волонтирање како Младинскиот центар Битола, каде што се организираа активностите, Центар за Култура Битола каде што разговаравме за различните културни настани и фестивали каде што младите можат да се вклучат да волонтираат, и ги посетивме Младински Културен центар и Europe House Bitola каде што се отворија плодни дискусии на темата волонтирање и бенефити од волонтирање.

Следно беше организирана посета на различни културни знаменитости во Битола и ги посетивме локалитетот Хераклеа, црквата Св. Димитрија, Ајдар Кади Џамија, Исак Челеби Џамија, Музејот на Албанската Азбука при што младите се запознаа со големото културно наследство што го имаме во Битола.

ECD Cooperation 4

Покрај посетите беа организирани и работилници за култура и солидарност што овозможи учесниците да се запознаат подлабоко со различните култури во регионот, и имавме прекрасна интерактивна работилница за танци во КУД Илинден Битола каде што младите се спремаа за нивниот настап на отворениот ден.

Како кулминација на проектот беше организиран отворен настан за сите граѓани од Битола каде што младите презентираа традиционална македонска, албанска, турска и ромска храна кои што тие ја готвеа во текот на целиот ден, и за крај презентираа традиционални песни и танци за публиката.

ECD Cooperation 8

Овај проект е финансиран од Европска Унија а регрантиран од Центар за интеркултурен дијалог, Сојуз на извидници на Македонија, Центар за истражувања и анализи НОВУС во склоп на проектот „Youth agents of change“.

ПР текст

Категоријата „хоби“ кај децата полека изумира – медалите и пехарите се делат како леблебии
Еден културен и фин господин го гледа својот син Даниел, кој има …
Имаш ли понекогаш чувство дека не се вклопуваш во овој свет?
Имаш ли понекогаш чувство дека не се вклопуваш во овој свет? Не …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…