Спортско качувачкиот клуб „Вертикал“ – Битола со забавно-рекреативни содржини во паркот кај Саат кулата го прослави својот значаен јубилеј, 20 години постоење.
Битолчани им дадоа поддршка на членовите на клубот и уживаа во забавните содржини. Но и заинтересирано го следеа ревијалниот натпревар во качување на гајби, каде особено членовите на „Вертикал“ ги покажаа своите вештини.
СКК Вертикал е активна и успешна идеја што постои од 2004 година. Станува збор за спортски клуб кој во своето дводецениско постоење остави длабоки траги во спортската култура не само во Битола, туку и низ цела Македонија, особено во полето на качување на карпи.
По повод 20. роденден, беше поставена и изложба на фотографии од активностите на членовите на СКК „Вертикал“.