Во втората половина на месец октомври тимот на Платформата ЗЕМИ ЗДИВ ja започна подготовката за реализација на еколошката акција „1000 шуми од 1 желад” која има за цел да ја подигне еколошката свест кај децата и возрасните за значењето на дрвјата во процесот на заштита на животната средина.

1000 шуми од 1 желад 13

Првиот дел од акцијата се состоеше од собирање на здрави дабови желади кои ќе бидат поделени на деца од основното образование со цел нивно засадување во домашни услови, одгледување на дрвцата и нивно пресадување на постојана локација.

1000 шуми од 1 желад 16

„Желадите кои паѓаат од дабовите дрвја можат да се искористат за засадување на нови дрвја, но според нашите сознанија децата се недоволно информирани за оваа можност. Со оваа акција сакаме да ги заинтересираме за нивно активно вклучување во процесот на садење на нови дрвја, а и да ги мотивираме да продолжат со ваквите здрави навики во иднина. Целта е секое дете да си има свое сопствено дабово дрвце кое ќе го одгледува и покасно ќе го засади на определена локација. Потребата од реализирањето на една ваква акција е недостатокот на дрвја во градот и околината, како и зголемената загаденост на амбиенталниот воздух во Битола. Ова во комбинација со ниската еколошка свест за значењето на здравата животна средина и недоволната информираност на децата за важноста на дрвјата беше главната мотивација за почеток на еколошка акција од ваков тип.“, велат од ЗЕМИ ЗДИВ.

Годинава оваа акција како пилот проект се организираше во три основни училишта во Битола во рамките на дополнување на наставата по природни науки.

1000 шуми од 1 желад 10
1000 шуми од 1 желад 7

Првиот дел од акцијата се реализира на 09.12.2022 во Основното училиште Климент Охридски Битола во претпладневната смена каде беше извршена едукативна презентација за екологија и поделени комплети за одгледување на желадите на повеќе од 50 ученици.

„Истиот ден, но во втората смена ја реализиравме акцијата  и во  ОУ „Даме Груев” – Битола  и тука на учениците од паралелките во трето оделение им поделивме  60 комплети и бевме пријатно изненадени од познавањата и интересот на дечињата за засадување на нови дабови дрвца. Вториот дел од акцијата – 1000 шуми од 1 желад се реализираше со четвртооделенците од ОУ „Гоце Делчев“ – Битола  на 14.12.2022. Како дел од часот по природни науки беше реализирана едукативна презентација во која на учениците им беа поделени 60  комплети од садови со соодветна земја и желади“, велат од платформата.

1000 шуми од 1 желад 6

Претставниците од ЗЕМИ ЗДИВ им објаснија на учениците како да ги засадат желадите и како да се грижат за нив откако тие ќе никнат.

1000 шуми од 1 желад 24

Она што сакаме да го постигнеме со оваа акција како материјален резултат  е да добиеме здрави и убави дабови фиданки кои следната година ќе бидат садници од кои заедно со дечињата кои ги одгледале ќе ја засадиме нашата прва шума.

Со подготовка и засадување на 30 комплети во реализацијата на акцијата се вклучија и членовите на детскиот хор Ѕвончиња со нивната менторка и диригент Марина Коруновска кој е една од актерите  кои се вклучени во реализацијата на оваа идеја од концепт до краен резултат за што во името на Платформата и благодариме.

1000 шуми од 1 желад 4

🌳За секоја одгледана фиданка изникната од желадите и одгледана од вредните рачиња на учениците со кои се реализира акцијата, Платформата ЗЕМИ ЗДИВ ќе обезбеди уште две садници и со тој расаден материјал следната 2023 година ќе ја реализираме и акцијата за пошумување која ќе произлезе од овој прв дел на проектот.

🌳Се надеваме дека овој наш пилот проект ќе биде успешен и дека наредната сезона ќе обезбедиме соодветна поддршка за во него да ги вклучиме сите училишта

1000 шуми од 1 желад 14
1000 шуми од 1 желад 8

💚Следете не и приклучете се #1000шумиОд1Желад Акцијата #1000шумиОд1Желад  во еден дел беше финансиски поддржана од Општина Битола од средствата предвидени за поддршка на граѓанските организации.

Ако треба да платите за нешто со вашиот мир, знајте дека е прескапо
Понекогаш најтешките рани не се раните што ни ги нанеле другите, понекогаш …
Кога лојалноста преминува во слугување по секоја цена, тогаш нема ни Л од лојалност
Лојалноста е важна компонента на секој бизнис. Не само што ви требаат …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…