10-годишниот Стефан Ѓорѓиевски од Битола, викендов постигна голем успех на BMU Европскиот и Македонски шампионат кој се одржа на Мото крос патеката кај Старо Лагово, Прилеп. Тој го освои првото место во Македонија во категоријата MX65 и петтото место во Европа.

stefan6

Но, успехот е уште поголем затоа што на младиот и талентиран Стефан ова му беше второ учество на натпреварување. Првото учество му беше минатата година на патеката во Смолево, каде исто така го освои првото место.

Стефан имаше огромна поддршка од своето семејство на натпреварот.

stefan2

Од семејството за Читај бе велат дека се горди на неговиот успех. Стефан, четвртооделенец во ОУ„Тодор Ангелевски“ Битола, вози мотор од 4 години и од мали нозе ја покажа својата склоност кон овој спорт. Изминатите години редовно и интензивно тренираше на патеките, па затоа успехот сам си дојде. Велат дека викендот се возеше на дожд, врнеше и град, на многу лоши временски услови и каллива патека, но Стефан успеа да извози до крај и да стигне до одличен резултат. Стефан е член на клубот „МК Мотори“ од Скопје.

stefan1

Патеката во Лагово е долга 1650 метри со минимална ширина од 6 метри и старт од 90 метри и викендов беше домаќин на бројни локални, но и меѓународни натпреварувачи во 7 категории.

Тој што зборува лошо за тебе е изгубен во сопствените рани
Тој што зборува лошо за тебе — не го прави тоа затоа …
Дали навистина знаеме што сакаме?
– Во ерата на избори без јасна желба.  Постои една фраза што …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…