О6.тот

Меѓународната жири комисија на еден од попрестижните светски детски ликовни конкурси кои по 26 пат го реализира Музејот за современа уметност од Цеље – Република Словенија ги објави резултатите според кој на годинешниот конкурс на кој ученици од 1ОО школи од 2О држави сликаа на тема „Животинско царство” со што генерираа фонд од над 5,ООО детски ликовни цртежи.

О1.тот

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола е редовен учесник на еминентниот светски детски ликовен конкурс од неговото формирање и оваа година се закити со 15 високи награди и признанија за исто толку детски ликовни дела на нивни ученици.

Изборот на наградените уметнички дела го направи стручната комисија во која членуваа историчарката на уметност Уршка Тодосовска – Шмајдек ; ликовната уметница Сузана Сеница и Меланија Граховац.

О3.тот

Сите наградени уметнички дела ќе бидат изложени во Детскиот музеј “Herman’s Den”.

О5.тот

Учениците кои се закитија со награди се: Леа Стерјев; Ана Полизовска; Пенелопа Кочевска; Анастасија Наумчевска; Сирма Спиркоска; Марија Јанкуловска; Андреа и Ромина Ресановиќ; Томислав Атанасовски; Никола Тасевски; Јана Талевска; Фросина Полизовска; Стефанија Димитиријовска; Ана Марија Спировска и Маргарита Велјановска.

„Максимално и обилно ги береме плодовите од квалитетот на цртежите кои нашите ученици ги создаваат во Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола. Не е мала работа 15 награди за големиот детски светски ликовен конкурс кој го организира Музејот на современа уметност во Цеље – Словенија.

И без основни услови за работа и паузата во летниот период поталентираните ученици имаат активности без прекин. И ова е резултатот на нивната работа и координацијата со нашиот ликовен педагог.

О7.тот

ДЛС уште еднаш покажа дека местото на младите ликовни уметници и таленти од Битола, а со тоа и Македонија на глобалната мапа е високо рангирано. Имаме и најави за резултати од поприлично важен светски детски ликовен конкурс и колонија – работилница од Германија каде според најавите на жири комисијата две наши ученички се потенцијални добитнички на највисоката награда, а со тоа и Покана за учество за кое 1ОО% ќе и бидат покриени трошоците за патување на една ученичка која ќе ја избере Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола во зависност од препораките на колегите од Германија, но и нашиот регистер на активности на ученикот. Како и да е сите душегрижници може да спијат спокојно. Овој пат домаќинот сам ќе финансира промоција на ДЛС – Битола и Македонија. До тогаш ДЛС официјално од мај е на распуст, а ни следат и 3 активности за следните три месеци.

Еднодневна детска ликовна колонија во Вевчани во соработка со партнер организација од Општина Вевчани – чевствување на 8-ми септември Денот на државноста во КИЦ Тирана со 5О.ООО денари поддршка од Министерството за култура и секако 24. Светска детска ликовна колонија во Евора – Португалија која е под покровителство на УНЕСКО за каде имаме нула денари поддршка иако 23 години редовно имавме финансиски средства од МК кое за оваа 2О23 година ни одобри О денари поддршка иако минатата година со 2 ученички ги освоивме 2-то и 3-тото место во конкуренција од 5О ученици од 15 држави“ – изјави Славчо Неделковски од ДЛС „Свети Кирил и Методиј” Битола.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…