Во петок, 6 мај со почеток од 20 часот, НУ Народен театар Битола ќе ја одигра најновата премиера, „Артуро Уи” од Бертолт Брехт во режија на Кендрим Ријани за кого ова е прва претстава на македонски јазик.

Претставата која е поставена во голем број светски театари, е подготвена според методот на „Брехт“ и режисерот се надева дека битолската публика ќе ужива во улогите на актерите во претставата.

-Поединецот понесен од неограничени амбиции кој незаслужено преку криминал и притисок успева да се искачи по скалилата на власта за да ја стекне славата на владеењето – се претвора во шизофрен-ѕвер кој станува многу опасен за целото човештво. Во оваа претстава го третираме токму тој  и токму таквиот поединец, вели Кендрим Ријани, режисер.

-„Задржливиот подем на Артуро Уи“ на германскиот драматург и режисер Бертолт Брехт – политичка пиеса напишана 1941 г. за време на  неговото прогонство во Финска – е сатирична алегорија која низ парболата за фиктивниот мафијаш Артуро Уи  (кој за време на Големата Депресија во 1930 г. во Чикаго се обидува да ја контролира и рекетира трговијата со карфиол) всушност го опишува издигнувањето на Адолф Хитлер и Нацистичката партија во Германија пред почетокот на Втората светска војна. Заплашувањата, безаконијата, корумпираноста и насилството со кои блиските соработници на Артуро Уи ги изградуваат своите политичко-општествени позиции на моќ (Уи е Хитлер,  Рома е заповедник и коосновач на нацистичката паравоена единица, СА, Догсбари е воен херој и претседател на Германскиот Рајх, Гири е Херман Геринг член на водството на Националсоцијалистичката партија, Гивола е Јозеф Гебелс германски политичар и Министер за народна просвета и пропаганда, Трустот на карфиолот се претставниците на Пруските  јункери итн.) не се само дирекната слика  на зацврстувањето на фашистичкиот режим, туку и еден репетитивен принцип што денес посложено и попрефинето се детектира навидум како бенигно својство на владеење. До кога и уште колку ќе се деформира моралот, како човековата алчност која толку транспарентно ги инструира сите општестевни пори ние свесно ја допуштаме или пак  преку „борбата за живот сме станале“ исти такви, и најпосле која е смислата за потребата на безгранична моќ на човекот (кој е само прав и пепел) –  се само дел од прашањата што горчливо ги исмеваме во политичка и уметничка полза во овој театар, додека истите ѝ стрепат на нашата деградирана сегашност, вели за претставата Билјана Крајчевска, драматург.

279601516 5182226005176116 1690984876178932413 n

Режија: Кендрим Ријани

Драматург: Билјана Крајчевска

Асистент на рeжија: Јован Ристовски

Сценографија: Валентин Светозарев

Костимографија: Благој Мицевски

Композитор: Тимор Доми

Сценски ефекти и шминка: Стефанија Стојчевска

Дизајн на плакат: Сашо Илковски

ИГРААТ

 Артуро Уи…….  Иван Јерчиќ

Рома………  Илина Чоревска

Џузепе Гивола……..  Никола Стефанов

Емануел Гири………  Хари Михајловски 

Старата Догсбари……. Валентина Грамосли

О’Кејзи, Бранителката, Бети Далфит….. Викторија Степановска- Јанкуловска

 Шит, Актерот, Игнацие Далфит, Кларк, Хук ………Никола Пројчевски

Дејзи, Вдовицата Боул ………Сандра Грибовска

Младата Ина, Фиш……… Анастазиа Христовска

Флејк, Судијата….. Александар Димитровски

Малбери, Обвинителот……Петар Спировски

Бучер, Лекарот………Александар Стефановски

Инспициент: Мирко  Лазаревски                                                                                

Суфлер: Гордана Михајловска    

Светло-мајстор: Горан Петровски                                                                            

Тон- мајстор: Николче Терзиевски                                                                           

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…