Ханиоти е една од најпопуларните дестинации за нашите туристи на Халкидики.
Се карактеризира со долга песочна плажа, со мирни и плитки води на Егејското Море и популарниот залив Торонеос. Плажата е комплетно организирана и обезбедена со сите потребни содржини – лежалки, чадори, кафулиња, таверни. За целосно уживање на плажа во текот на целиот ден, исто како и во многу други одморалишта, доволно е да нарачате пијалок од локалните кафулиња, без дополнително да се наплаќа за вашето место.
Ханиоти е убаво место кое го посетуваат туристи од сосема различни возрасти, бидејќи секој може да си го најде своето катче и адекватен тип на одмор според своите стандарди. Главното собиралиште е центарот и познатиот плоштад со фонтаната, како и пешачката зона полна со продавници, таверни, кафулиња, слаткарници и бутици. Ханиоти има и паркинзи, аптека, локална клиника, добро организиран јавен превоз – такси станица и автобуска станица на автопатот што ги поврзува Ханиоти со околните градови. Ако дојдете со кола, има и бензинска пумпа.
Ханиоти е вистинското место за сите љубители на забавата. Овде ќе најдете живи барови, ресторани и клубови кои ќе ги исполнат вашите вечери со музика и танцување.
Ханиоти е исклучително одлично место за летување на семејство со деца. Има игралишта на отворено, соби за игри, анимации, обезбедени места за пешачење на место кое не е ридско, а пешачењето и разгледувањето за најмалите е многу лесно, неоптоварувачко. За семејствата со деца, еден од најважните факти е дека веднаш над плажата се наоѓа еден од парковите на Ханиоти каде што можете да се одморите во густата природна сенка преку ден.
Главната градска плажа Ханиоти е вистинска слика за рајски одмор. Широка, со ситен песок и кристално чисто море, обезбедува совршена средина за сончање, пливање и уживање во водени спортови.
Токму затоа, Ханиоти е популарно одморалиште кое привлекува туристи од целиот свет. Неговите чисти песочни плажи, кристално чистото море и многу забавни активности го прават идеално место за релаксирачки одмор. Туристите можат да уживаат во сончање на плажа, спортови на вода како нуркање и едрење, како и вечерни прошетки покрај брегот.
Со посета на Ханиоти, туристите можат да уживаат во комбинацијата на природните убавини, богатата историја и модерната туристичка понуда. Тоа е место кое ќе ве шармира со својата различност и ќе понуди незаборавно искуство за одмор во Грција.
Доколку Вашиот избор ова лето ќе биде Ханиоти, погледнете ја најновата понуда за Вила Таниа на ЈК Травел со еден клик на сликата.