lake g9728a154b 1280

Фановите на дизниевиот филм „Замрзнатото кралство“ (Frozen) се убедени дека живописното австриско село Халштат беше инспирација за фиктивното кралство Арендел во блокбастерот на Дизни. Иако уметничкиот директор на филмот, Мајк Џаимо, изјави дека инспирацијата ја нашол во норвешките пејзажни села, сепак, обожавателите на Елса и Ана се убедени дека го посетил Халштат додека барал локација за филмот и бил воодушевен од глетката како од бајките.

church g481e488dc 1280
PIXABAY

Лоциран на брегот на езерото Халштат, опкружен со високи планини во регионот Салцкамергут, Халштат е популарна туристичка дестинација поради својата неверојатна природна убавина. Има долга историја и некогаш бил просперитетен центар за ископување сол.

hallstatt gf85f05f67 1280
PIXABAY

Запишан на списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1997 година поради куќите во пастелни бои и културниот пејзаж, познато е дека овде бил сместен важен локалитет од железното време што датира од 7 век п.н.е.

meblo trejd

Деновиве тоа е мирно место каде времето како да застанува.

Лесно е да се види зошто Халштат би бил совршена инспирација за Арендел. Ова место има бајковит изглед со антички куќи и улици со калдрма. Тука се најубавите пејзажи во Австрија.

hallstatt g1c856e42f 1280
PIXABAY

Иако се чини дека Халштат никогаш не бил потврден како инспирација за Арендел, тоа не ги спречило безброј фанови на Фрозен да го посетуваат. Ова село со околу 800 жители, имало и до 10.000 посетители дневно.

jk travel pobaraj ponuda
Какви деца воспитуваме?
Книжарница. Влегува мајка со малечко девојче. Мајката дотерана, по сите прописи, со …
Не го игнорирајте отокот на нозете во летните горештини – кои се причините?
Летото носи со себе високи температури, но и непријатности како што е …
You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…