мачка

Социјализирањето со луѓето е неминовно, но има ли поубаво нешто од безусловната љубов на Вашата мачка? Често знаеме да ги разгалиме нашите миленици, но сепак мора да се има граници. Како да знаете дека мачката миленик Ви е премногу разгалена?

  • Ако барем еднаш неделава сте се засопнале на вашето сакано милениче или сте научени секогаш да гледате во подот додека одите за да не ја згазнете, голема е веројатноста Вашата мачка постојано да Ве следи и сака да Ве „присвои“ само за себе.
  • Мачките сакаат да привлекуваат внимание, особено кога спиете или гледате телевизија. Но, мачка која го чеша и нервира својот сопственик за да привлече внимание, може да се опише и како малку премногу наметлива и разгалена.
  • Да имате мачка покрај вас во креветот може да биде како да имате бесплатно електрично ќебе. Меѓутоа, кога домашното милениче ќе почне да ја зафаќа Вашата перница или да се протега на поголемиот дел од креветот, оставајќи Ви мал дел, тоа може да биде знак за нејзиното разгалување.
pexels pixabay 236606
  • Разгалената мачка ќе Ви го окупира скутот штом ќе седнете, ќе легне до Вас или на Вас штом ќе легнете или ќе почне да Ви се плетка околу нозете штом ќе станете. Секое станување од фотелја или од кревет бара нејзино „одобрување“. Вашата мачка е толку приврзана за вас што ќе се вознемири ако седнете на друго столче или легнете на дел од креветот што тие не го избрале.
  • Мачките најчесто реагираат на странци на начин што или се рамнодушни или се чувствуваат несигурни и се кријат. Но, ако вашата мачка се „лепи“ за Вашите нозе секогаш кога имате друштво, можеби таа е малку премногу разгалена и Ве сака само за себе.
  • Некои мачки сакаат многу да се галат. Слушањето на мачка како преде додека влегува во состојба на релаксација може да биде подеднакво релаксирачко за сопственикот како и за мачката. Меѓутоа, ако секогаш кога ќе седнете, вашето домашно милениче дојде и Ве замоли да ја галите, тоа може да биде знак за разгалување.
pexels sam lion 6001410
  • Во моментот кога ќе ги земете клучевите, чантата или ќе ја фатите кваката, Вашата мачка трча кон вас и почнува да ви се обвиткува околу нозете, и не Ве пушта да одите. Тоа веројатно значи дека имате разгалено милениче. Со текот на времето, мачките учат да ги препознаваат знаците кои го најавуваат вашето заминување од дома и сфаќаат дека ќе бидат сами, што може да им предизвика вознемиреност за разделбата и вашето отсуство.
pexels anete lusina 4790619
meblo trejd bravi
Битолска промоција на романот „Memento Mori“ од Анде Јанков
Имавме исклучителна можност во Книжевниот клуб Утопија во Битола да ни гостува …
Како вистински да се одмориме за време на летниот одмор
Во време кога продуктивноста се вреднува повеќе од одморот, сè повеќе луѓе …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…