tra la la naslovna 25

Во Големата сала на Центарот за култура во Битола, на 6 ноември се одржа 25-тото јубилејно издание на детскиот музички фестивал „Тра ла ла“.

Во оваа свечена вечер настапија 13 нови ѕвездички, кои изведоа новосоздадени детски песни од познати македонски автори – Кристијан Габроски, Ристо Самарџиев, Крсте Симоновски и други.

tra la la sliki5

Гала-претставата беше вистинско уживање за сите љубители на детската песна, музиката и културата. Поздравна беседа одржа Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, а на присутните им се обратија и градоначалникот на Општина Битола, г-дин Тони Коњановски, како и директорот на фестивалот, Тони Алексовски.

Фестивалските композиции беа збогатени со кореографии во изведба на балетски и танцови групи, кои ја внесоа магијата и шаренилото на сцената.

Со ова издание, „Тра ла ла“ го прослави својот 25-ти роденден – четврт век посветен на развојот на детската песна и поттикнување на музичката култура кај најмладите.

🎵 Среќен роденден, „Тра ла ла“!
Со желба за уште многу години исполнети со песна, насмевки и детска радост!

Раскажи ми приказна: Хесе во Магарево
Во летото 1943-та Херман Хесе дошол на поседок во Магарево (село во …
Што е полошо, човек да биде злобен или глупав?
Прашање за размислување меѓу четири ѕида. Имајте на ум дека човекот онаков …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…