sveti petar i pavle

Православните христијани од понеделник, 16 јуни, влегуваат во периодот на Петровденските пости, кои ќе траат до 11 јули, а веќе наредниот дн, на 12 јули црквата го слави големиот празник Свети апостоли Петар и Павле. Овој пост е еден од четирите годишни пости во православната традиција и е подвижен — секоја година започнува и трае различно, во зависност од датумот на Велигден. Оваа година, Петровденските пости траат 26 дена.

Постот е време на смирение, воздржување и духовна подготовка. Црквата ги повикува верниците да се воздржуваат од мрсна храна, но и од лоши мисли, зборови и дела. Телесниот пост не е цел сам по себе, туку средство за прочистување на душата, за приближување до Бога преку молитва, исповед, причест и добротворни дела.

За разлика од Велигденскиот и Божиќниот пост, Петровденскиот е нешто полесен во однос на исхраната – се дозволува консумирање на риба, масло и вино во одредени денови, освен среда и петок кога важат построги правила. Целта е верникот доброволно и со љубов да го прифати постот како време на внатрешно обновување.

505774439 10232748697093192 1876567890275613138 n

Постот завршува на 12 јули, на денот кога црквата ги слави двајцата најголеми апостоли — Петар, кој прв го исповеда Христа како Божји Син, и Павле, најголемиот проповедник на Евангелието меѓу незнабошците. Тој ден во храмовите се одржуваат празнични литургии, а верниците се причестуваат како духовна круна на постот.

Балкански синдром: живот со постојан аларм во градите
Пишува: Сара Танаскоска Кај нас на Балканот никогаш животот не бил само …
Раскажи ми приказна: Црвениот фустан
Госпоѓица Хана стоеше на средината од театарската сцена. Го изнесуваше својот говор …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…