На Балканскиот карате турнир „Фуканоши Опен 2026“, кој се одржа на 7 март 2026 година во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ во Општина Кисела Вода во Скопје, Карате клуб „Заншин До“ од Битола оствари одличен резултат освојувајќи пехар и вкупно 27 медали – 4 златни, 6 сребрени и 17 бронзени.
Со златен медал се закитија Вероника Кочов, која имаше одличен настап со мајсторска ката, потврдувајќи дека со љубов, труд и почит се постигнува целта, ката тимот кадети–јуниори во состав Александар Божиновски, Надалина Талевска и Давид Стојчевски, како и Бојана Бошкова (2015 год.) и Тамара Стојановска (2017 год.).



Сребрени медали освоија ката тимот жени во состав Алексеј Петковски, Јана Цветковска и Тамара Стојановска (2017/2018), Јана Цветковска – ката жени (2018), Алексеј Петковски – ката машки (2018), Николај Петковски – ката (2016), Николај Петковски – кумите -38 кг (2016) и Давид Стојчевски кај јуниори мажи.
Со бронзен медал се закитија ката тим машки (2017/2018) во состав Алексеј Петковски, Јана Цветковска и Илија Цветковски, ката тим женски (2015/2016) со Николај Петковски, Бојана Бошкова и Јована Јовановиќ, ката тим кадети–јуниори Леона Алиловска, Елена Јончевска и Емилија Илковска, како и Дамјан Митановски – ката (2018), Илија Цветковски – ката машки (2018), Софија Неделковска – ката жени (2018), Тамара Стојановска – ката жени (2018), Ана Вучкова – ката жени (2015), Софија Стојковска – ката жени (2015), Теофан Ивановски – ката машки апсолутна (2015), Бојана Бошкова – ката жени апсолутна (2015), Николај Ивановски – ката (2013), Николај Ивановски – кумите -41 кг (2013), Илина Шобевска – ката (2013), Каја Темелковска – ката жени (2013), Каја Темелковска – ката апсолутна и Александар Божиновски – ката машки јуниори.


Од клубот истакнуваат дека ова е одлично започната сезона и очекуваат да следуваат уште многу успеси, со што 2026 година ќе биде запаметена како една од поуспешните за Карате клуб „Заншин До“ од Битола.









