Некогаш, глуварчето било мало и незабележливо цвеќе, но имало важни лековити својства. Божицата на здравјето, Хигија, реши да му се заблагодари на глуварчето што им помага на луѓето.
-Сакам да бидам повидлив за луѓето за сите да ме знаат. Смени го моето лице. -Како сакаш да изгледаш? – праша Хигија. Размисли и кажи ми утре.
Глуварчето цел ден размислуваше како сака да изгледа, но ништо не му текна. Сакаше да биде како роза, потоа ѕвонче или нарцис… Но, мислеше дека на луѓето не им треба друга роза. Ги крена очите кон небото и гледајќи го сонцето, сфати дека најмногу сака да биде жолт како сонце. И кога сонцето зајде и месечината излезе, цветот сакаше да биде како месечината. И кога ѕвездите светнаа, глуварчето сакаше да стане ѕвезда. Утрото, глуварчето и кажа на божицата дека не може да одлучи што сака да биде: како сонцето, месечината или ѕвездите …
Хигија се насмеа и рече:
-Ќе бидеш како сето ова!
И сега секој човек го знае малото сонце што цвета на тревникот. Но, по цветањето, цветот се претвора во бела топка која наликува на месечината. Кога дуваме месечината се распаѓа на многу мали ѕвезди…
Глуварчето цвета во април, може да се најде буквално на секоја ливада. Често поминуваме покрај него без да го забележиме, а не знаеме каква всушност моќ има ова растение.
Младите листови од ова растение, но кои растат надвор од населено место се идеални за пролетна салата. Во народната медицина глуварчето се применува за јакнење на организмот и за пролетно чистење на крвта.
Глуварчето:
- го чисти и го јакне организмот.
- е природен лек за артериосклероза и камен во бубрегот
- го подобрува апетитот и го помага варењето на храната
- го лечи црниот дроб и жолчната кеса
- е сировина за добивање на лекови
- Тинктурата се користи кај реуматоиден артритис, и гихт
- Посебно е ефикасен во јакнење на функција на бубрезите, опоравување на црниот дроб од жолтица, хепатитис и други болести
- Глуварчето ги намалува воспаленијата во телото особено на посебно кај крвните садови, со што се намалува опасноста од кардиоваскуларни заболувања
- одличен е за детоксикација на организмот и губење на вишок килограми
- бидејќи го чисти црниот дроб помага кај сите болести што се поврзани со нарушена работа на црниот дроб: алергии и сите кожни болести (акни, псоријаза, егзема, брадавици).