sveti jovan krstitel

На овој ден се прославува милоста, чудото и мудроста Божја; милоста кон побожните и праведни родители на светиот Јован, старецот Захарија и старицата Елисавета, кои целиот живот посакуваа и просеа од Бога едно дете; чудото на зачнувањето на Јован во престарената утроба на Елисавета; и мудроста во домостројот на човековото спасение. Ова стана затоа што Бог имаше извонредни намери со свети Јован: имено, тој да биде Пророк и Предвесник на Господа Исуса Христа. Преку Своите ангели, Бог го објави раѓањето на Исаак од бездетната Сара и на Сампсон од бездетниот Маној и неговата жена, и на Јован Претеча од бездетните Захарија и Елисавета.

06 100

Преку Своите Ангели Бог го објавуваше раѓањето на оние со коишто имаше посебни намери. Како можеа да се родат деца од стари родители? Ако е некој љубопитен да дознае, нека не ги прашува за тоа ниту луѓето, бидејќи луѓето тоа не го знаат, ниту природните закони, бидејќи тоа е над природните закони, туку нека го управи погледот кон силата на Семоќниот Бог Кој од ништо го создаде сиот свет и Кој за создавањето на првиот човек, Адам, немаше потреба од никакви родители, ни стари ни млади. Наместо љубопитност, да Му воздадеме пофалба на Бога, Кој често ни ја јавува Својата моќ и милост и мудрост и покрај природните закони, во кои оковани ние, без вонредните Божји чуда, би паднале во очајание и богозаборав.

Битолски каратисти одат на Балканско
На Државното првенство за деца (У12 и У14) во ката и кумите, …
Колку повеќе им угодувате на луѓето, толку повеќе ве прават будала – 5 совети од психолозите
Угодувањето на другите за да се избегне конфликт или да се добие …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…