Охридскиот композитор Александар Петрески, кој живее во Германија заедно со младата битолска музичка надеж, Марија Цветановска за новогодишните и божиќните празници ни ја подарија новогодишната детска песна „Снегулка“.

18-годишната Марија, или како што Александар ја нарекува, девојката со ангелски глас, за соработката вели:

„До соработка дојде сосема ненадејно, добив порака од Александар и ми се допадна понудата. па така решивме заедно да ја сработиме оваа прекрасна новогодишна песна. Чест ми е што сум дел од овој проект, секој од нас сака да остави нешто убаво зад себе, а целта на самиот проект е да ги усреќиме и насмееме најмладите“, вели Марија за Читај бе.

Комплетниот аранжман на песната е на Петрески, а целта како што вели е ширење на позитивна и новогодишна енергија.

„Кога бев дете, имав преголема желба за снег во зима. Посебно пред Нова Година. Се молев секогаш кога врнеше снегот да се задржи. Во моето рано детство тоа беше почеста појава. Никогаш нема да ги заборавам оние моменти, кога со другарите од училиште си одевме дома низ охридското кале. Посебно мила ми беше рутата низ чаршија навечер! Неколкуте тезги со новогодишни украси, отсликуваа волшебна бајка во невините детски очи. Сеуште во уши ми ѕвонат звуците од честитките… Сето тоа, за кое можам уште многу да зборувам, накратко го опишав во оваа новогодишна детска песна. Испеана е од возрасни вокали, како хибрид, кој би овозможил уживање и на децата и на возрасните. Иако идејата брзо ја реализирав, напорно на останатите финеси работев три месеци и по безброј изведби на кауч е веќе хит во мојот дом“, вели Петрески.

Слушнете ја песната и уживајте во волшебниот вокален спој на Александар и Марија.



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…