Излезе од печат најновата и четврта книга на Христијан Аџиоски – Зборник на македонски народни преданија. Секоја страница исплетува приказна со посебна македонска судбина, која како ехо нè наоѓа… и одѕвонува во нашата свест. Низ приказните во овој мал зборник, ќе ја пропатувате цела Македонија, барем накратко ќе бидете сведоци на различни настани одделени со стотици години, читајќи ги судбините на нашите предци, ќе можете за миг да се соживеете со нивното време! Битолчанецот Христијан е професор по македонски јазик, но и туристички водич, а овие две професии ги спојува љубовта кон Македонија. Порзговаравме со него за најновата книга, љубовта кон македонскиот фолклор, но и убавините низ Македонија.

281173899 428758861917020 6718511786217349454 n

Читај бе: Христијан, најнапред кажи ни нешто за твојата најнова книга, четврта по ред – Зборник на македонски народни преданија, кога излезе од печат?

Христијан: По повеќе од две години активност кога решив да се зафатам со прибирање на народни умотворенија во еден мој зборник – конечно книгата пред неколку дена излезе од печат. Веќе се оствари таа можност и едно вакво дело да може уште денес да биде дел од нечија домашна библиотека. 

280267067 409898567661988 7122605356112821260 n

Читај бе: Кој беше мотивот да се напише една ваква необична книга? Што сè може да се пронајде во неа?

Христијан: Можеби најголемата моја пасија (или една од најголемите) претставува македонскиот фолклор, а многу повеќе конкретно народната проза, односно кратките приказни кои претставуваат духовна храна во моето секојдневие. Едноставно не се сеќавам дека постоел ден во кој не се одвоило време на приказна – на било каков начин. Јасно е дека таа силна врска ќе си трае целиот живот, која знае и да испровоцира ваков чин на обид за трајно зачувување на македонските културни вредности.

„Гласот на предците“ претставува мал зборник во кој читајќи преку приказни можете да ја пропатувате цела Македонија и барем накратко да бидете сведоци на различни настани одделени со стотици години и за миг да се соживеете со судбините на кои нашите предци. Голем дел од народните преданија се топонимски – кои се однесуваат на потеклото на името на одредени места во Македонија – градови, села, езера, реки итн., потоа има и историски преданија во кои се раскажуваат историски настани кои се дел од македонската колективна меморија, но и измислени настани кои пак, се дел од безграничната креативност на македонскиот раскажувачки потенцијал.

280480088 5087845174586258 4397525155513493177 n

Читај бе: Колку е битно да се стават на хартија, збирно едни вакви записи? Колку е битно да се пренесуваат и да опстојат нашите преданија?

Христијан: Во ова време на едни поинакви вредности кога материјалистичките стремежи заземаат доминантно место во сите сфери на живеењето и кога сè што постојано ни се сервира е со странска етикета форсирајќи го како напредно и во чекор со современиот свет, а истовремено сè што е македонско се во корен обезвреднува – многу е тешко да опстои македонскиот народен бит. Немајќи соодветни услови за развој и вистински процут на македонската култура, многу е важно ако барем дел од таа македонска ризница успееме да сочуваме. 

280567261 10228280133370978 8911858854448023381 n

Читај бе: Ти си професор по македонски јазик, но и туристички водич. Што за тебе значи симбиозата од овие две професии?

Христијан: Врската која многу природно ги спојува овие две професии се вика Македонија. Ако Македонија ја гледаш оддалеку или од Македонија гледаш надалеку, едноставно не е возможно истовремено да им се посветиш на науката за македонскиот јазик и македонските природни и културно-историски знаменитости. Како што ти си дел од Македонија, така треба и Македонија да е дел од тебе – а македонскиот јазик е ткивото на сите останати македонски „работи“.

269877637 611221256611059 5411899411444841043 n

Читај бе: Како водич сигурно има некои интересни факти и занимливости кои си ги пренел на групата. Колку Македонците си ја познаваме историјата, легендите, земјата, скриените богатства…

Христијан: Искрено, според она што сум го забележал, како колектив не можеме многу да се пофалиме дека располагаме со богати познавања за Македонија, која за жал, многумина ја гледаат како една обична мочуришна дупка без никакви потенцијали. Но, она што радува во последниов период е сè поголемата заинтересираност кај Македонците за подобро запознавање на својот „двор“ и верувам дека интересот за Македонија како наша заедничка своина ќе продолжи да оди во нагорна линија, особено кај помладите.

Читај бе: Кажи ни нешто за претходните три книги што ги имаш напишано?

Христијан: Првата моја книга е напишана во доцните тинејџерски години и претставува книжевно дело со автобиографска содржина, втората книга е наменета за помладата читателска популација, збир на бајки во коавторство во Ана Жежовска, додека третата книга е стручна монографија и претставува детална анализа и преглед на демографските промени во македонските села од 1948 до 2002 година.

Читај бе: Дали веќе имаш во план да напишеш нова книга? Има ли нешто за кое сакаш да напишеш, а ретко може да се пронајде во македонската книжевност?

Христијан: Планови има многу, но и пишувањето си бара да му „дојде моментот“ и кога ќе се достигне до созревање на идејата, тогаш нема ништо послатко од вкусот на плодовите.   Имам желба да напишам биографија за некоја значајна историска македонска личност, но ништо нема да откријам бидејќи може и ништо да не испадне од тоа.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…