Генерацијата која нѐ претходеше, наречена себична, ја упропасти иднината на нашата. Ние сме децата на нејзините избори – избори кои не се однесуваа на нас, но кои несомнено ќе бидат наш товар. Погледот назад е полн со лажни ветувања и краткорочни задоволства, кои ја оставија нашата генерација да се бори со последиците од нивната неумереност. Во нивните раце беа ресурси, богатства, можности – и тие ги искористија, не размислувајќи за нас кои ќе дојдеме подоцна.
Нашата реалност е исполнета со долгови кои не ги создаваме, со климатски промени кои не сме ги предизвикале. Генерацијата што нѐ следи нас несомнено беше изгубена во мрежата на потрошувачкото општество, во постојаната потреба да се задоволуваат нивните краткорочни желби, без да размислуваат за долгорочните последици. Сите ние ја плаќаме високата камата на таа негација на одговорноста. Себичноста на претходните генерации не беше само економска, туку и морална. Многумина ја градеа својата моќ на искористување на природните ресурси, а општествата беа организирани на начин што даваше предност на индивидуалниот успех над заедничата благосостојба. Така сѐ што беше во корист на “себеси” стана вредност, а колективните интереси, кои требаше да бидат основа на праведниот свет без занемарени како лист од стар весник. Ние бевме сведоци на брзи напредоци, меѓутоа во исто време и на јазови помеѓу богатите и сиромашните, односно помеѓу тие кои ја имаат шансата да бидат на пиедесталот и оние послабите кои едноставно не биле доволно мудри во одредени моменти.
Тимот, ако може да го наречам така, односно оваа група на поколенија беа краткорочните добивки, а не долгогодишна стабилност. Иако во одредени моменти можеби постојат заслуги за успесите кои беа постигнати, тие се повеќе стануваат заложниците на минатото, блокирајќи ја иднината. Нашите општествени институции станаа сѐ повеќе раскинати и искривени, што остави многу од нас без надеж за утре.
Ние сме генерација која мора да се соочи со празнината која ја оставија, со сите загубени можности и напуштени вредности. Но, она што не смее да се заборави е дека тоа што го создаваме не е копија на минатиот модел. Ние не сме виновни за одлуките што беа донесени пред конците да бидат во наши раце, но сите ние сме тие кои можеме да се бориме за да испишеме нова историја со златни букви.
Јасно е дека сега како поколение, го носиме товарот на одговорноста – не само ги поправаме грешките на претходниците, тука сме да изградиме иднина која ќе биде фер, одржлива и колективна. Сепак, мораме да се ослободиме од себичноста која ги дефинираше нивните одлуки. Ние мора да се обидеме да создадеме свет кој ќе има повеќе грижа, солидарност и повеќе почит. Нашата иднина не е залог, таа е нашето право да создадеме свет што нема да биде само насочен кон себе, туку кон СИТЕ НАС.