sv vasilij

Пат се нарекува животот; секој од родените брза по патот; ти си патник во животот; секој поминува покрај тебе; сè остава зад тебе. Ти гледаш во тој пат: растенија, животни, вода, суша, луѓе и што ли не достојно за окото – ќе му се порадуваш и одминуваш.

Понатаму, сретнуваш камења, пропасти, трња, скали, ѕверови и што ли уште не непријатно – ќе потажиш за тоа и го продолжуваш патот. Тоа е животот – тој нема задоволства постојани; ниту, пак, болки бескрајни. Тој пат не е твоја сопственост – ниту, пак, сегашноста е твоја.

Два се пата на животот – широк и славен, тесен и тажен: при едниот патеводител е демон, при другиот – ангел. По едниот се движат: плот, смеа, пијанство, игри, музики, блудство – по другиот: покајание, пост, солзи, молитви, воздишки, девство!

Животот на грешниците е збир од сите наслади на сегашноста – тој, пак, на праведниците е надеж за благата во вечното. Блажен е оној, кој не врви по широкиот пат и не се раководи од ѓаволот.

Свети Василиј Велики

Фестивалско финале на летото во Будва: EXIT 2 Montenegro – Sea Dance Edition со светски ѕвезди и бесплатен влез
Шарлот де Вит, Хугел, Пеги Гу, Џон Њуман, Енрико Санџулиано и РПР Саундсистем го предводат големото фестивалско финале на летото, …
Преподобен Серафим Саровски: Болестите се јавуваат од 3 причини
Серафим Саровски е руски светец чија мудрост за животот, љубовта, духовноста и …
You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…