woman 3187620 1280

Постојат повеќе состојки за комбинацијата која некого го прави привлечен, а физичката привлечност е само една од  четирите работи.

Динамична привлечност

Начинот на кој се изразувате е всушност вашиот динамичен изглед,  ве прави атрактивни и привлечни. Или не. Тоа е она што се нарекува говор на телото. Тоа вклучува изразување на емоции и карактеристики кои се клучни во креирање на харизмата. Тука се значајни и вашите уверувања, карактерни црти, вашите таленти, самодовербата, духовноста која зрачи од вас. Позитивното изразување – насмеано лице, оптимистичен изглед, присутност во разговорот со соговорникот, изразени очи и изразите на лицето  се поврзуваат со динамичка привлечност.

Околности

Голем дел на истражувања во социјалната психологија потврдуваат дека важна е ситуацијата која се случува. Пред сѐ, нам ни си допаѓаат и нѐ привлекуваат луѓе на кои и ние им се допаѓаме. Човекот е склон да возвраќа наклоност. Освен тоа, истражувањата покажуваат дека ако доживееме нешто што ќе нѐ возбуди, дел од таа возбуда му ја припишуваме на  партнерот и стануваме уште повеќе привлечни.

Статичка привлечност

Тоа е она со кое сте родени – обликот на вашето лице. Физичките карактеристики, обликот на вашето тело. Секако, физичкиот  изглед се менува со текот на годините. Физичката привлечност е компонента е видлива и краткотрајна – од која и не може многу да се очекува.

Самопретставување

Тоа ги вклучува сите нешта кои личноста може да ги направи со својот општ изглед – начинот на шминкање, парфемот, фризурата, стилот на облекување и така натаму.

Тоа е таа компонента на привлечност која се постигнува по пат на средување, нема човек кој не склон кон тоа да се средува за да изгледа убаво.

meblo trejd - k elementi
Триесет и пет години подоцна, уште чекаме да пораснеме?
Пишува: Сара Танаскоска Триесет и пет години се повеќе од доволни за …
Најлош е лицемерниот човек – како да се справите со него?
Да се ​​обидеш да смениш лицемерен човек е исто како бришењето прашина …
You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…