Кога станува збор за ноктите во овој период, секоја жена сака средени, но и нокти кои ќе бидат складни со летниот период. А какви бои се актуелни ова лето ни открива Христина Христова од Салонот за убавина и нега Nox во Битола.
„Најхит или најтренди за ова лето и општо оваа година, се пастелни бои, нуд нијанси и секако неон боите во летниот период. Секако белата и црвената боја се безвременски. Оваа година се враќа во мода и францускиот маникир, кој лично за мене е класика. Од декоративен аспект најпопуларни се неправилните линии и некои прекршени геометриски фигури, но во летниот период се почесто се декорира и со мали бели цветчиња кои многу добро одговараат со пастелните нијанси“, вели Христина.
За каква нијанса и боја да се одлучите, во секој случај препуштете го маникирот на стручните лица.