18 март се одбележува како Светски ден на рециклирањето, а воспитувачката Татјана Грегова веќе втора година по ред во градинката „Мајски цвет“ организира акција за собирање капачиња од пластични шишиња кои се рециклираат во пунктот пред Епинал.
На овој начин децата уште од мали нозе се учат правилно да рециклираат, но и се зголемува јавната свест преку најмалите за поголемата потреба од вакви пунктови низ Битола. Грегова вели дека прави напори ваков еден пункт за рециклирање капачиња од шшиња да се постави пред градинката.
Но не само рециклирање, децата се учат и отпадот да го користат на друг начин, односно капачињата им служат за игра и за забава.
Еве што ни порачува групата „Пајчиња“ од градинката „Мајски цвет“ заедно со воспитувачката Татјана Грегова и негователката Весна Неделковска.
„И оваа година, заедно собираме на капачиња! Предизвикај се себе и другите околу тебе да се придружат во оваа важна еколошка акција. Вистинскиот успех е во заедничките напори за одржлива и благодарна планета !
Децата се мали авантуристи заедно со нивните семејства треба да ги научиме на вистинските вредности и да ги пренасочиме од бесполезното гледање во телефонот кон една сјајна идеја – собирање на пластични капачиња! Со капачињата можеме да направиме забавна, едукативна игра а со тоа учиме за важноста од грижа за околината!
Зошто одделно капачињата?
Затоа што капачето е направено од различен вид пластика од шишето, што значи дека шишето и неговото капаче не може да се рециклираат заедно. Селектирај правилно! Зачувај го капачето и однеси го на вистинското место.
За шишиња има Вендинг специјални машини во големите маркети!
18 март Светски ден на рециклирањето!“