sara za korupcija 3

Корупцијата не е нешто што се случува „надвор од нас“, некаде во политиката или во големите бизнис кругови. Таа е еден животен циклус што го градиме сите ние, секој ден, со мали компромиси, со мала „помош“, со сите тие малечки одлуки што се врзани за краткорочен интерес.

Ние не сме само жртви на системската корупција – ние сме и архитектите на тој систем, некако, во секојдневните моменти кога ја прифаќаме како
нормална, кога го оправдуваме, или кога „затвораме очи“.

Тие што го прават, тоа сме ние

Корупцијата не започнува со политичарите. Таа започнува со едно потпишување на договор кој нема да помине преку системот на проверка, затоа што „потребно е да се забрза нешто“. Почнува со некоја мала услуга што ја добиваме преку врски, а не преку талент. Почнува со срамежливо затворените очи на неправдата која е толку нормализирана, што ние не ја забележуваме повеќе.

„Еден бакшиш за докторот“, „еден подарок за инспекторот“ – и сè изгледа како дел од природниот ред на работите. А всушност, и тие малечки потези се дел од големата мрежа која создава страв, несправедливост и нееднаквост. Корупцијата не е само во рацете на политичарите и бизнисмените; таа е и во нашите раце кога правиме компромис за „малото добро“. На
крајот, сите заедно ја градиме, не само политичката елита. Системот е тука затоа што сите ние го правиме да функционира.

„Системот“ не е надвор од нас – ние сме негови креатори

Ако се погледне пошироко, сите ние сме составен дел од една релација која ја прави
корупцијата ефективна. Понекогаш, ние се наоѓаме во позиција каде што чувствуваме
дека мораме да учествуваме во неа за да преживееме. Така, тоа што го правиме е да го
продлабочуваме системот, што на крајот ни го оневозможува искрениот напредок. Но дали
ние навистина се прашуваме дали мораме да бидеме дел од ова? Или просто сме станале „потрошни делови” кои немаат сила да го променат системот?

Да, се може да изгледа како ситни, изолирани случаи. Но токму тие случаи се градители
на нешто многу поголемо – системот кој се повторува и кој нè затвора, нè прави „слуги“ на
корупцијата која ни изгледа како нешто неизбежно. Да бидеме искрени: ако сакаме да го
смениме, тоа не е работа само на властите – тоа е работа на сите нас, од кои секој, со својата мала акција, ја потхранува корупцијата.

Не сме само неми гледачи на се’ околу нас, сме и креатори на овој свет

Не е лесно да се признае, но сите ние сме дел од проблемот. Секојпат кога го оправдуваме, иако знаеме дека е погрешно, или кога се откажуваме од идејата за вистински напредок, се додаваме на големиот систем на корупција што ја облева нашата заедница. Но, исто така, ние сме и оние кои можат да го променат тоа – со секој ден, со
секој избор да не учествуваме во малиот компромис. Ако навистина сакаме да го смениме системот, мора да започнеме од нас самите, да го разбиеме „нормализирањето“ на
корупцијата и да изградиме нова култура на чесност, праведност и одговорност.

Следен пат кога ќе побарате некаква услуга некаде, сетете се на зборовите на една мајка
“Eдно дете имав и тоа ми го земавте!?”.

Тибетски поговорки – мудрости за надминување на тешките денови
Ако сакате да читате и собирате мудри мисли и инспиративни цитати, тогаш …
Живеј за оние на кои им требаш, подалеку од оние кои те сметаат за помалку вреден
Зошто се грижиш да го разубавиш твојот лик пред очите на оние …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Македонскиот идентитет во 21-ви век: Што значи да се биде Македонец?

Да бидеш Македонец денес, не значи да припагаш на географска територија именувана…