Денеска (03.04.) полициски службеници од СВР Битола во соработка со Општинската организација на Црвениот Крст од Битола, Територијалната противпожарна единица Битола како и екипа на Итна медицинска помош Битола во основното училиште „Стив Наумов“ во Битола, за учениците од ова училиште спроведоа симулациска вежба на тема: „Начин на однесување во кризни ситуации“.
Вежбата беше спроведена со цел учениците да се запознаат со начините и протоколите на однесување во кризни ситуации, потоа за начините на евакуација од пожар, совладување на паниката и безбедно и организирано евакуирање од училиштето во претпоставена ситуација.





Секогаш – прво плати си себеси
Убедливо најлоша навика која ни останува од студирањето е дека постојат два …
Жалфија – природен лек за грло, мозок и дигестија
Жалфијата (Salvia officinalis) со векови важи за света и лековита билка. Нејзиното …








