sara kolumna naslovna

Во земјава веќе не постојат граници меѓу реалност и фарса. Сѐ е претворено во спектакал, ама со многу евтина режија. Живееме на тло на кое важните прашања ги ставаме под тепих, или попластично кажано вистинските прашања одѕвонуваат во тишина, а глупостите добиваат аплауз. И потоа се чудиме зошто тоне сѐ. Вистината e малку горчлива, односно дека оваа претстава самите си ја нарачавме – како три годишно дете што плаче по сладолед среде зима, несвесно дека ладното ќе го сотре. Можеби не треба да бараме режисер, туку огледало. Бидејќи оваа фарса не е туѓа – туку наша желба, слабост и еден црвен картон. Оваа ера е полна со генерации гладни за автентичност, жедни за некаков успех за сите да не видат и луѓе изморени од трчање по виновници.

Што сме ние? Македонци? Северно-македонци? Вонземјани? Луѓе со европски аспирации? Или ‘тик-ток’ ѕвезди? Зависи од денот и кој ни доаѓа во посета. Се фалиме со ‘мултикултурализам’, а во исто време се делиме по партиски, етнички, дури и географски линии. Секој со свој идентитет, но има ли корен тој идентитет. Кога Европа не прашува кои сме, одговараме дипломатски со крената глава. Кога се прашуваме самите себе, молчиме. А кога ќе добиеме шанса да се изградиме, се занимаваме со симболи – наместо со суштина. Ние сме народ кој повеќе се плаши од промена на име, отколку од празен фрижидер. Гледано од моја перспектива, од аголот на еден млад човек кој сѐ уште твори во Македонија оваа фарса нема смисла. Билет се купува еднаш, или евентуално два пати.

Но, секогаш постои полошо од лошото. Полнетите пиперки се малку пресолени за наш вкус, ајварот има премногу масло и некако не ни е по ќеф. Живееме во ера на здрава исхрана, каде има чија пудинг и овесна каша со јагоди. Дали ќе продолжиме со аплауз на оваа евтина фарса, или конечно ќе застанеме пред огледалото и ќе ја побараме вистината? Во салата на фарсата, каде тишината одекнува како ехо, а пулсот на вистината сè повеќе се губи, единствена надеж останува да го слушнеме нашиот внатрешен глас и да ја смениме приказната што ја живееме.

Не морате баш на сите да им се допаѓате – не трудете се да се вклопите секаде и со секого
Потребата постојано да сме во потрага по потврда од другите за она …
Ако треба да платите за нешто со вашиот мир, знајте дека е прескапо
Понекогаш најтешките рани не се раните што ни ги нанеле другите, понекогаш …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…