IMG a1d95e8c5e967bd0a6dfe9ef961ca8fa V

Во црквата „Света Троица“ попозната како Руска црква, денеска голем број верници го прославија празникот, втор ден Духовден. Оваа црква, изградена од Руси во 1926 година, верно го чува и споменот на Свети Јован Шангајски, каде богослужел.

Ден на Светиот Дух, понеделникот по педесетница

Во понеделникот по неделата на Педесетница, се совршува празнување во чест на Светиот Дух. Тој празник бил востановен од Црквата заради величање на Пресветиот и Животворен Дух, кој е еден од Светата и Живоначална Троица, како спротивставување на учењето на еретиците коишто го отфрлаа Божеството на Светиот Дух и Неговата единосуштност со Бог Отецот и Бог Синот. Светиот Дух е еден со Отецот и Синот во сè, затоа Он и совршува со Нив сè, бидејќи самовластен, сесилен и добар.

Преку Него се подава секоја мудрост, живот, движење; Он е изворот на секој живот. Он има сè што имаат Отецот и Синот, освен нероденоста и роденоста, исходејќи од единиот Отец. Светиот Атанасиј говори: Духот Свети не е создаден од Отецот, не е створен, не е роден, туку исходи. Но, во што се состои исходењето на Светиот Дух од Отецот за нас е недостижно, исто како што е недостижно и раѓањето на Синот.

Затоа Светата Православна Црква никогаш не се решила да ја подвргне таа тајна на Божеството на човечко расудување, туку секогаш ја исповедала, согласно со учењето на нашиот Спасител, Иисус Христос. Господ му открива на човекот толку колку што му е неопходно за негово спасение, та многу тајни остануваат за нас зад непроѕирна завеса. Обогатувајќи го човекот со духовни дарови, и растејќи во него духовни плодови, Светиот Дух го украсува човекот со многубројни добродетели, и го прави, согласно зборовите на Светото Писмо, добро дрво, кое дава добри плодови. Животот по Духот Свети јасно се забележува во плодовите на Духот, коишто се, според зборовите на Апостолот Павле: љубовта, радоста, мирот, долготрпението, добротата, милосрдието, верата, кротоста, воздржанието.

Што е полошо, човек да биде злобен или глупав?
Прашање за размислување меѓу четири ѕида. Имајте на ум дека човекот онаков …
Многумина ќе се обидат да ви ги скратат крилјата додека не гледате…
Многумина ќе се обидат да ви ги скратат крилјата додека не гледате, …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…