hands 5441201 1280

Човекот кој има реална љубов во него за луѓето околу него – е редок во денешното модерно општество. Себичноста, дволичноста, љубомората, ароганцијата и сите други негативни особини го уништуваат човекот психички, на којшто целта му е само лична придобивка. Искушенијата, коишто се исфрлени врз човекот на дневна основа, може само да се победат со силата на Господ. Човекот што ги основа своите радост и мир на Господ – е најсилен.

Човекот во којшто владее Светиот Дух е истиот човек којшто ја убива цела негативна енергија околу него. Човекот со беспрекорно барање на Христово присуство во неговиот живот е човек со беспрекорна светлина, таков каков што секој човек би сакал да има покрај него, некој во којшто неизвесност и сомнеж од друга страна се неприсутни. Самиот наш, еден и единствен Бог Исус Христос е љубов, онаква љубов каква што никогаш не умира, онаква која што е најуспешна и најмила. Реално да се сака еден човек, да се биде скромен и да се има цврст менталитет во ова ,,катастрофално” општество чија пропагирана идеологија е да се уништат традиционалните вредности и да се воспостават движења и други идеологии коишто полека го уништуваат човекот во секој поглед е поседување на таква вредност којашто ја нема психички-просечниот човек.

Кога еден човек размислува многу за непотребни работи, константно е анксиозен и не знае каде се насочува со својот ум во кој самиот си создава ,,магла” е човек којшто изразува недоверба и непочит кон Господ, зашто ако тој реално му верува и му го предаде својот живот, знае дека сѐ е во Негови раце и дека се ќе биде во ред на крајот. Дали е присутна љубовта во еден човек се проценува со тоа дали и колку е ,,инвестиран” во градење на цврста врска со Господ, а и со други луѓе. Избегнување на луѓе коишто еден човек реално ги сака, а истовремено е непочитуван од нивна страна е моќ.

Реалниот христијанин денеска е таква личност којашто е често непочитувана, исмејувана и прогонета, личност на која што му е потребна огромна храброст да му се спротивстави на секојдневието со кое се соочува, но на крајот победата е нивна, зашто знаат дека страдањето вреди за Исус. Во таквите личности секогаш ќе постои љубов, зашто таа љубов е специјална – Христова. Христијанинот, треба да ги сака и непријателите, како што Исус ги сакал своите. Недостаток на љубов е присутна кај оние кои не Го познаваат Христа, истовремено ,,слепи” како просечниот тинејџер денеска, којшто мисли дека реалниот мир и љубов ке ги пронајди во она што е грев, но целата таа удобност во која се наоѓаат се само лагите на лукавиот, на којшто целта му е да ги оддалечи сите верници од Бога преку креирање на таква удобност во грев.

Во Јованово, четврта глава, седми до осми стих пишува: ,,Возљубени, да се љубиме еден со друг, зашто љубовта е од Бога и секој кој љуби од Бога е роден и Го познава Бога. А кој не љуби, не Го познава Бога, зашто Бог е љубов.”.

За најтешките моменти во животот…
Еден ангел му се обратил на човекот: – Сакаш да ти го …
Киселата краставичка – тајниот сојузник за здравје
Киселата краставичка е традиционален дел од многу македонски трпези, особено во зимскиот …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Македонскиот идентитет во 21-ви век: Што значи да се биде Македонец?

Да бидеш Македонец денес, не значи да припагаш на географска територија именувана…