Битолчани имаа ексклузивна можност на 23.07.2022 год. во 19:30 часот во Старата битолска чаршија во рамките на Локум фест, подготвена од Државен архив – Одделение Битола, да се запознаат со приказната за животниот пат на познатата трговска фамилија Данабаш.

295736788 7919086608166663 6410785335852924175 n

Браќата Јанко и Петар Данабаш биле угледни трговци од Битола кои се занимавале со трговија со житни култури, бензин и петролеј, кои го наследиле бизнисот од својот татко Михаил Данабаш. Тие биле претставници на фирмата Шел (Shell), чие стовариште се наоѓало во населбата Боримечка, каде што се уште се познава нивниот натпис.

295691666 7919086618166662 8152725597569194097 n

Јанко Данабаш со сопругата Хариклија и ќерките Хенриета, Кока и Клио живееле во една од најубавите куќи на Широк Сокак, веднаш до ресторан Корзо. Семејството било едно од најбогатите во Битола и патувале често во странство, од каде што можат да се видат доста фотографии и рагледници. Ќерките на Јанко секогаш биле елегантно и модерно облечени, па оттука потекнува изреката „не си ќерка на Данабаш“, која денес се уште е актуелна во Битола.

295722944 7919086988166625 4136596882911020227 n

Петар Данабаш живеел сам на долниот кат од истата куќа, успешно раководел со бизнисот заедно со својот брат, но за жал неговиот живот завршил трагично. Тој бил ѕверски убиен на спиење од страна на Рудолф Берглес, при што биле украдени илјадници наполеони, златници и дијаманти. Но, проклетството на дијамантите го стигна и самиот убиец и крадец, кој при обид за бегство бил убиен од страна на озлогласен полицаец.

295967417 7919086978166626 5944351775238320275 n 1

Посетителите на изложбата имаа исклучителна можност да видат досега необјавени документи и материјали: фамилијарни фотографии и фотографии со нивни пријатели, лични документи, разгледници, трговски и финансиски документи, како и фотографија од главното стовариште – претставништво на Shell (Шел) во Битола. Исто така, преку фотографии и статии од весници е прикажан и трагичниот крај на битолскиот милионер Петар Данабаш.

Архивската приказна преку фотографии и документи го покажува подемот и падот на едно од најбогатите семејства во Битола, во периодот меѓу крајот на XIX и почетокот на XX век.

Фотографии од Петар Ставрев и вработените во Архивот.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

Давор Неќак и Горјана Стојановска приредија незаборавна вечер за битолчани

Во преполната сала на Офицерскиот дом во Битола, синоќа, во рамките на…

10. издание на Фестивалот на електронска музика СМОТРА во Старата битолска чаршија

Во Старата битолска чаршија, синоќа се одржа јубилејното 10-то издание на Фестивалот…