462536091 512708728243457 6857939809846668275 n

Во периодот од 02 – 07.10.2024 год. стручната служба и дел од специјалните едукатори и рехабилитатори од ООУ ,,Ѓорги Сугарев” – Битола, а на покана на Општина Гродиг – Салцбург, Австрија реализираа студиска посета на Општина Гродиг – Салцбург, Монтесори училиште, Основно училиште за практиканство и Педагошки факултет при Универзитетот во Салцбург. Целта на посетата беше запознавање со образовниот ситем на Австрија во делот на инклузивното образование.

462152857 1204024967370587 481859194475392362 n

Вработените од ова училиште беа поздравени од заменик градоначалничката на Гродиг, Салцбург инж. Хајделиг Штајнер како и д-р Татјана Степаноска Јуришич одговорна за интеграција во Општина Гродиг Салцбург и директорот на Монтесори училиште м-р Франц Грајфбарер Исто така на Педагошкиот факултет при Универзитетот во Салцбург од страна на Проф. д-р Тереза Талхамер беа запознати со инклузивниот образовен систем на Австрија.

461712357 27329659669981042 5141909202844056194 n

Вработените присуствуваа и на утринска средба на сите ученици и вработени во Основно училиште за практиканство кое работи во склоп на Педагошкиот факултет. Од страна на директорката на школото м-р Бербел Линсмајер беше претставен мултикултурализмот и инклузивноста на образовниот систем на Австрија.

461718069 1220243015767166 6208858104026726352 n
462167632 512857575010492 6242581156245195114 n

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…