Крф е еден од најубавите грчки острови. Изобилува со богата историја, зеленило, а на лето е една од најомилените туристички дестинации. Но, Крф е неописливо убав за време на велигденските празници. Прославувањето на Велигден на Крф е искуство што се памети цел живот. Токму тоа доживување ни го пренесува Весна Атанасова од Битола, која се обиде одблиску да ни пренесе што сè се случува на Крф за најголемиот христијански празник, но и убавината на самиот остров.

„Смарагдниот Отров како што е наречен островот Крф е место каде Велигден се слави со посебно внимание и љубов. Скоро во секој дом има член кој свири на некој инструмент или пее. Церемониите започнуваат на Велики Петок со погребението на Исус Христос, каде оркестрите свират тажна музика и посмртен марш додека низ градот се носи мртвото тело на Исус. Заштитник на островот е Св. Спиридон Чудотворец чии што мошти се носат низ градот на Велика Сабота. Прв пат моштите биле извадени на Велика Сабота кога на островот имало глад, со што искушението веднаш се смирило. Крф е остров каде Отоманската империја не успеала да завладее и жителите сметаат дека тоа било така поради заштитата на светецот. Во текот на церемонијата насекаде се чувствува мирис на миро со што добивате чувство на длабок мир и благосостојба.

Веднаш по литијата, се кршат црвени ќупови од прозорците кои се полни со вода. Верувањето е дека после литијата, градот ќе се измие од цело лошо во изминатата година и ќе се скрши тоа што не е добро, а со тоа започнува и најавата за Христовото Воскресение.

Вечерните часови на плоштадот во горниот дел на градот се одржува литургија која точно на полноќ е проследена со 10 минутен огномет. Вечерна служба полноќна има во црквата Св. Спиридон Чудотворец каде се служи Велигденска литургија и прва причесна на Велигден.

Градот е спој на повеќе култури и влијанија, кои оставиле траг низ вековите. Тесни улички, тврдини, цркви и музеи кои се резултат на венецијанската култура, но и француската и англиската. Во тесните улички има таверни кои нудат традиционална храна, кафе и сувенири кои можат да се купат по пристапни цени. Жителите се љубезни, насмеани и ведри и даваат се од себе за туристите се чувствуваат пријатно и сигурно.

Благодарност од Читај бе до Весна Атанасова која што несебично го сподели нејзиното доживување и патување на островот Крф.

Претплатете се за новости

You May Also Like

„Руска црква“ го чува споменот на големиот угодник Божји, свети Јован Шангајски кој често богослужел во неа

Мала и невообичаена по својот изглед, но зрачи со огромна светлина. Кој…

Фотогалерија од црвениот тепих на затворањето на 44. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола

Вечерва заврши 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.…

Истанбул – градот кој ве остава без здив

Репортажа на Маја Богоевска Кога се доближувате до него, ви се јавува…

Фотогалерија од црвениот тепих на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Фотогалерија од црвениот тепих на отворањето на 44. издание на Фестивалот на…