Откако минатата година не успеаја да се видат и да прослават 60 години од матурирањето заради короната, генерацијата матуранти од Економското училиште од Битола кои годинава слават 61 година од нивната матура, како и претходните 4 децении, се собраа во паркот кај саат кулата.

Прегратки, насмевки, вечно другарство, кое трае и се негува веќе 6 децении наназад.

Кога го прославиле 40-годишниот јубилеј, решиле дека прво ќе се собираат кај саат кулата, а потоа муабетите без крај ги продолжуваат во некој од битолските ресторани.

Овие битолчани со своите 80 години, покажуваат и докажуваат дека другарствата засновани врз вистинските вредности траат и траат…А ние им посакуваме уште многу години здравје и пак да се збираат само за убави работи…











Ако светот го водеше жена немаше да има солзи
Пишува: Сара Танаскоска Низ историјата женското тело поминало низ многу фази на …
Осаменост меѓу луѓе – тишината што најмногу боли
„Осаменоста не потекнува од немањето на луѓе околу вас. Осаменоста се случува …









