Продолжуваат филмските училишни проекции на детскиот филмски хит „Хакер” во Кино Манаки.
Денеска филмот имаа можност да го гледаат учениците од ОУ „Свети Кирил и Методиј”.
Данскиот филм „Хакер“ е еден од поновата европска филмска продукција. Зборува за тринаесетгодишниот Бенџамин кој е врвен хакер, но исто така и тинејџер кој е многу недоверлив кон другите по смртта на неговата мајка пред седум години. Бенџамин, кој никогаш не го познавал својот татко, живее во дом за сираци. Еден ден на посета доаѓаат двајца мажи од Тајната разузнавачка служба на Данска кои го известуваат дека една жена за која веруваат дека е мајка му на Бенџамин била регистрирана од надзорните камери на аеродромот неколку дена порано. На почетокот, Бенџамин е шокиран од веста. Сепак, тој наскоро се решава да ја испита работата и да дојде до вистината.