crno seme

Културниот и информативен центар – Битола се вклучува во кампањата за промоција на премиерата на театарската претстава Црно семе, во продукција на НУ Народен театар – Битола.

По тој повод, на 14 и 15 април, со почеток во 19 часот, во киното „Браќа Манаки“ во Битола, ќе биде проектиран култниот македонски филм Црно семе, изработен според сценарио на Ташко Георгиевски и Кирил Ценевски.

Битола живее со животните приказни на Доне, Христо, Парис, Марко – со тешката судбина на Македонците од Егејска Македонија.
Дејството на филмот е сместено за време на Граѓанската војна во Грција (1946), кога припадници на кралската грчка војска, меѓу кои и Македонци од Егејска Македонија, под обвинение дека се комунисти и непријатели на кралска Грција, биле испраќани во логор на пуст остров.
Поради своите убедувања и етничкото потекло, дел од нив ги надминуваат сите тешкотии, задржувајќи го човечкото достоинство. Други, пак, не успеваат – и наместо спас, доживуваат морален пад.

Од бројните домашни и меѓународни награди за филмот, најзначајна е Златната арена во Пула.
Иако музиката за филмот ја компонирал Илија Пејовски, во финалната верзија на филмот таа не е вклучена.
Првично, на одјавната шпица требало да оди песната Со маки сум се родила, но на затворена проекција пред премиерата, режисерот Ценевски, забележувајќи дека некој од публиката се расплакал, децидно побарал музиката да се отстрани.
„Не сакам да се плаче на мојот филм“, изјавил тој.
Така, Црно семе останува без музичка подлога – во него „музиката ја создаваат птиците, брановите и тишината“.

Филмот е снимен во 1971 година, а во 2019 година Кинотеката на Македонија ги прикажа четирите долгометражни играни филмови на режисерот Кирил Ценевски, дигитално реставрирани и објавени во ДВД-комплет.
Ценевски беше и првиот добитник на наградата Големата ѕвезда на македонскиот филм, што ја доделува Друштвото на филмските работници на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Во филмот играат: Дарко Дамески, Ацо Јовановски, Ристо Шишков, Мите Грозданов, Ненад Милосављевиќ, Воја Мириќ, Павле Вуисиќ и Вукан Диневски.
Влезот во киното „Браќа Манаки“ е бесплатен.

Премиерата на театарската претстава Црно семе во Битолскиот театар е закажана за 16 април – и истата е целосно распродадена.

Скопскиот џез-фестивал: 45 години музика без граници
Пишува: Сара Танаскоска Не мора секогаш да ја разбереме музиката за да …
Оној што гледа со сомнеж лесно може да почне да мрази човек – Свети Филарет Московски за осудата
Треба да ни биде потешко да ги судиме луѓето, отколку да ги …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…