По повеќе од 15-тина години повторно излегоа на терен, сега во спортската сала на ООУ „Коле Канински” кошаркарките-ветеранки кои го носеа дресот на ЖКК “Пелистер” во минатото. Поделени во две екипи повторно прикажаа дел од својот богат репертоар на акции, препознатлив за битолската кошарка. Овие девојки беа успешен колектив кој се натпреваруваше во Првата македонска кошаркарска лига, рамо до рамо со екипи како Вигор, Младинец и Студент од Скопје; Тиквеш од Кавадарци; Делчево, Куманово, Охрид и др. Резултатот беше во втор план и на крајот од натпреварот истакнаа дека вакви натпревари ќе има неколку во текот на годината.
На овој натпревар беше присутен и долгогодишниот кошаркарски работник Владимир Прчков, кој беше дел од управата на тогашниот клуб и 37 години е дел од битолската кошарка.
Зелена екипа:
Милена Брдаровска,
Марија Стојовска,
Марија Гагоска,
Елена Трајчевска- Павловска,
Стефанија Трајковска- Грујовска,
Елена Џиланова,
Александра Блажевска,
Јана Вашалиќ
Бела екипа:
Ирена Здравкова,
Јасмина Ангелковска,
Гордана Шалеска,
Маја Бурак,
Јулијана Ѓоргиевска,
Гордана Атанасовска,
Елена Петровска,
Надица Солзовска