Ако треба да издвоиме тренд кој ја одбележи 2024 година кога се однесува бизнис секторот, тогаш тоа е дефинитивно – Дигитална трансформација. За дигиталната трансформација, зборуваме со Предраг Стојкоски, директорот на компанијата Нова Солутионс и сертифициран експерт за дигитална трансформација.
Во последните две години, нема бизнис конференција, семинар или настан, кој на својата агенда не ја поставува темата на Дигитална трансформација. Имаме чуство дека дигиталната трансформација е како брз воз во кој што треба што побрзо да се качите или ќе пропаднете.
Да, добро забележавте, последните неколку години, дигиталната трансформација, стана незаобиколна тема. Се работи за еден, јас би рекол еволутивен процес, кој започна уште во 50-тите години од минатиот век, поточно во 1958 година, кога по прв пат е изработен микрочип од страна на нобеловецот Џeк Килби.
Од тој период па се до денес, сведоци сме на една еволуција на нашето општество, кое кулминира во оваа деценија.
Но, самата дигитална трансформација, не е процес кој е актуелен последните две години, туку е процес кој што е актуелен, особено во бизнис секторот последните 7 години. КОВИД кризата само го забрза овој процес, кој што денес не е резервиран само за бизнис секторот, туку е процес кој што влегува во сите пори на нашето општество.
Да ја разрешиме мистеријата – што е тоа дигитална трансформација?
Многу едноставно – дигиталната трансформација претставува процес на интеграција на дигиталните технологии во сите области на работењето, кроз/низ дигитален деловен модел.
Да, од ова произлегува дека овој процес е доминантно порзан за деловниот сектор, но дигиталната трансформација не е резервирана само бизнис секторот – истата може да се имплементира и во државен сектор, невладини организации, спортски организации…. Со еден збор во секој вид на организација.
Бизнисот е во фокус, бидејќи како сектор прв ги имплементира сите позитивни деловни трендови и процеси.
За да на читателите биде уште појасно, дали можете да ни предочите пример на дигитална трансформација на некој практичен пример?
Ќе ви наведам еден пример, кои скоро па сите го користиме. Голем број на продавници на спортска опрема имаат свои веб продавници – наплатата се одвива електронски, со секоја порачка купувачот добива порака за направена порачка, добива фактура во електронска форма, веб продавницата е поврзана со софтверот за сметковотство и секоја промена на веб продавницата, веднаш се евидентира и во софтверот. Запишување на сите податоци е дигитализиран а интернетот е начин на кој што се пренесуваат податоците.
Како што можете да забележите, станува збор за еден целосен, заокружен деловен процес, каде што сите фази на интернет продажба се дигитализирани. Исто така, овој процес го прави процесот временски побрз, се намалуваат трошоците на оперативното работење и се зголемува нивотo на корисничкото искуство.
Било која фаза, да беше прескочена, поточно да не беше дигитализирана, тогаш не можевме да зборуваме за дигитална трансформација.
Пак да се вратиме на примерот – ако имаме веб продавница, а да од друга страна не е поврзана со софтверот за сметковоство или со софтверот за водење на залихи или уште полошо да имаме таков софтвер, а да не го користиме, тогаш не можеме да зборуваме дека имаме дигитално трансформиран еден деловен процес.
Ако добро заклучивме, дигиталната трансформација опфаќа не само користење на интернет, како начин на пренесување на податоци, дигитализација на процесите, туку вклучува и активно учество на човечкиот фактор.
Да апсолутно, самиот процес на дигиталната трансформација не е само техничко прашање, туку и активно вклучување на луѓето кој што се вработени во организацијата. Пак ќе се навратам со примерот на интернет подажба – компанијата може да инвестира во изработка на веб продавница, да набави софтвер за следење на залихи, но доколку нема обучени луѓе кој што ќе го користат софтверот, сите напори за трансформацијата паѓаат во вода.
Во процесот на дигиталната трансформација управувањето на промените игра клучна улога во целиот процес. Имено ако вработените не разбираат зошто се прави дигиталната трансформација, доколку промените ги доживаат како притисок, наместо како пат кон реализација на секојдневни работни задачи на поефикасен начин, тогаш ќе дојди до неприфаќање на промените од страна на самите вработени .
Целта на управувањето на промените е да се развие култура на прифаќање на новите начини на работење и на прифаќање на новите алтернативни решенија. Кога зборуваме за комуникацијата – таа треба да ги објасни самите промени и да им овозможи на вработените да бидат носители на истите со давање на нивни предлози и идеи.
Колку македонските компании се дигитално трансформирани?
За пофалба е тоа, што нашите компании, па и државата, се свесни за процесот и свесни се за неминовноста на промените кој што треба да се имплементираат. Финансиите се секако главна пречка во процесот на имплементација на дигиталната трансформација, но пак ќе се вратам на човечкиот фактор.
Имено, на пазарот имаме и решенија кои се финансиски прифатливи, но недостиг на change management кој што ќе го „припреми теренот“ за дигиталната трансформација во своите компании.
Дали компаниите и други организации имаат поддршка од страна на државата и други организации за дигитална трансформација?
Самиот факт, дека во новиот сазив на владата имаме Министерство за дигитална трансформација, зборува дека се планира потемелен пристап кон тематиката. Како што забележав, во фокусот е дигиталната трансформација на јавниот сектор, кој што секако ќе даде придонес и во поефикасното работење на бизнис секторот.
Но покрај државата, тука се и други фондации и организации, како што е GoDigital. Фондот за иновации и технолошки развој, Развојна банка на Северна Македонија, како и други организации, кои нудат поддршка за имплементација на дигиталната трансформација во компаниите.