380957549 716050040563983 1964759313315999478 n

Пред преполната сала во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола, предавање одржа проф. д-р Зоран Крстевски кој зборуваше за мудростите кои стојат на страниците на неговите книги „Излез од криза“ и „ Исцелување на душата“. За него Битола претставува град со висока културолошка вредност кој е полн со прекрасни луѓе, со кои може интелектуално да се другарува.

Проф. д-р Зоран Крстевски е познатиот астролог, писател и филозоф кој досега има објавено 10 книги со различна тематика како што е филозофијата, етиката, астрологијата итн.

Пред присутните тој зборуваше за тоа како да го пронајдеме мирот, како можеме да си ја исцелиме душата и како да се справиме со кризните моменти. Тој рече :„Секој човек е предодреден за нешто. Тоа го носиме во нашите гени, добро и лошо се тука, само ние одлучуваме што ќе одбереме и каде ќе го насочиме целото наше знаење.“

380603384 716049630564024 3849811432840325673 n 1

„Треба да бидеме храбри, решителни и настојчиви бидејќи суштината на животот не е во избегнувањето на падовите, туку во стремежот да учиме од грешките – тие го јакнат духот и го трасираат патот што води кон победите.“ извадок од книгата „Излез од криза“

„Поуката е да не се грижиме премногу поради поразите во минатото и неизвесната иднина, туку да го јакнеме духот и насочиме кон единствената работа која навистина ја имаме- сегашноста“ извадок од книгата „Заштита од злото и негативните вибрации“

Неговите книги се полни со совети и мисли во кој секој еден може да се пронајде и да пронајде поттик како да излезе од настаната криза. Вербата во небесниот бог и астрологијата е она од каде што професорот д-р Зоран Крстевски ја црпи својата енергија и истата се труди ја пренеси онаму каде што им е потребна.

Секој од нас треба да знае дека во книгите се кријат вековните мудрости, затоа на крај на присутните нашиот гостин им порача да читаат книги. Библиотерапија е една од најдобрите. Затоа наши драги читатели ние се потрудивме неговите книги да бидат достапни и во нашата библиотека.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…