Со оглед на тоа што започна Велигденскиот пост, ви предлагаме рецепт за колач без капка масло. Овој колач е 100% погоден за строг пост (на вода).
Состојки:
- 3 банани
- 2 јаболка
- 4-5 лажици суво грозје
- 1 портокал
- 10 лажици мелени овесни снегулки
- 10 лажици бело брашно
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1 кесичка прашок за печиво
- 1 лажичка сода бикарбона
- Малку цимет
- 1 лажичка оцет
- 3 лажици какао
- 350 мл вода
- 5 лажици шеќер
- 2-3 лажици гриз
- Шеќер во прав за наросување
Подготовка:
Во еден сад измешајте ги сувите состојки. Изгмечете, сомелете или испасирајте ги бананите, па додајте го сувото грозје, претходно натопено во вода. Додајте ја лажичката оцет, изренданите јаболка и кората од еден портокал.
Печете во претходно загреана рерна на 200°C околу 20-25 минути.
Уживајте во овој вкусен и здрав посен колач!
Пријателства и врски кои згаснале – лекциите што мора да ги научиме
Пушти ги пријателствата кои престанале да бидат пријателства и врските кои престанале …
Каква смрт имала Саломија – онаа која ја побарала главата на св.Јован Крстител
,Заштo ситe кoи сe фаќаат за нoж, oд нoж ќe загинат" (Мт. …









