Сите знаеме колку е значаен здравиот начин на живот и исхраната што секојднево ја внесуваме во нашиот организам. Телото се негува со неуморно вежбање, додека самата функција на мозокот, здравиот дух и свежината на лицето се негуваат со правилна исхрана. Имавме прилика да го издвоиме фитнес тренерот Филип Стојчевски, кој потекнува од Битола и има 24 години, да ни пренесе дел од неговото искуство, како во одделот на фитнес вежбите, така и во одделот на нутризионизмот. Филип е студент на Технолошко-техничкиот факултет, во отсекот за нутриционизам, а со вежбање започнал да се занимава уште пред седум години.

,,Започнав со Calisthenics и вежбав со сопствена тежина (на вратила). Продолжив со вежбање во фитнес сала, односно теретана, а во меѓувреме работев напорно и на начинот на кој се исхранувам и на она што секојдневно го внесувам во мојот организам” – изјави Филип Стојчевски.

Филип Стојчевски
Филип Стојчевски

Стојчевски во 2019 година во Македонија беше добитник на третото место во Bodybuilding. Освен оваа награда, Филип, поседува и сертификат за персонален фитнес тренер од FitBiz Academy – Скопје, од IBFF федерација.

263522862 610519213533172 3901166737470374514 n 1

,,Љубовта кон исхраната започна со самото вежбање. Сакав да го истражувам процесот на обработка на храната која ја внесуваме како единки и како истата делува на секојдневниот живот и на активностите кои се неизбежни. Факултетот за нутризионизам ми звучеше атрактивно и можам слободно да кажам дека пред четири години сум го направил правилниот избор” – додаде Филип Стојчевски.
Моментално Филип се подготвува и напорно тренира за натпреварувањето во Natural Bodybuilding низ Европа, со една и единствена цел, а тоа се квалификациите во Natural Mr.Olympia во Америка. Неговата напорна работа, неговите совети и неговиот долгогодишен труд се достапни на неговата сопствена веб страна ,,Nutriabs”, која ја направил со цел да пренесува точни инфомации за јавноста и да им помогне на младите да ги избегнат многуте дезинформации во оваа област.

Сара Трајчевска

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…