Битола добива нова енергија. Под водство на Алберт Ќеримов – еден од најистакнатите македонски професионалци во светот на луксузната гастрономија, Aurum Partizanska влегува во својата златна трансформација.
По блескавите успеси во Mayfair и меѓународната кариера како Генерален Менаџер на Gordon Ramsay Bar & Grill во Sunway Resort, Малезија, Алберт се враќа во својот регион со јасна цел – да го претвори Aurum во препознатлив симбол на модерен луксуз, со душа и класа.


„Мојата визија е јасна – ние не работиме за квантитет, туку за квалитет. За мене, секој гостин е искуство, секоја вечер е приказна, а секој детал е потпис на бренд,“ вели Алберт Ќеримов.
„Aurum ќе стане место што ќе зборува за вкус, стил и искреност во секој чекор.“

Алберт Ќеримов, кој низ својата кариера веќе стана личен бренд во угостителството, ја пренесува својата светска експертиза во локален контекст, носејќи дух на елеганција, прецизност и исклучителен стандард.
Во оваа нова фаза, со него стои тим од талентирани професионалци – шеф Анета Јанакиевска, со долго годшно искуство во Малта, која внесува медитеранска свежина и креативност; како и шеф Рони од Доминиканска Република и нашата Ана, дел од постојниот Aurum тим, познати по својата посветеност и страст кон секој детал во кујната и сервисот.



„Заедно со Анета, Рони и Ана, ќе создадеме Aurum кој ќе инспирира. Не брзаме да полниме маси – туку да создадеме искуства кои се паметат. Тоа е мојот потпис, тоа е мојата филозофија,“ додава Ќеримов.



Под неговото лидерство, Aurum Partizanska ќе стане повеќе од локација – ќе биде искуство, енергија и стил. Совршен баланс меѓу урбан луксуз и интимна атмосфера, каде што секоја вечер има своја приказна, а секој гостин – своја улога.
Под визионерското водство на Алберт Ќеримов, со тимот на шеф Анета, шеф Рони и Ана – Aurum Partizanska ја започнува својата нова златна ера.








