Здружението за негување на обичајното наследство „Обичајни завештанија“ Бабино, на 24 мај ја одржа осмата книжевна манифестација, во Бабино.

Какои секоја година манифестацијата почна со полагање на цвеќе на паметниците од нашите позонати писатели: Радован П.Цветковски, Петре М.Андреевски и Љупчо Сивевски.

На манифестацијата присуствуваа десетина поети и писатели, членови на Друштвото написатели на Македонија.
Воведно излагање и за значајноста за одржување на книжевната манифестација зборуваше писателот Добре Тодоровски. „ Обичајно наследство е со векови создавано од усно пренесувано од генерација на генерација, а последните векови истото е забележано од перото на нашите истражувачи, писатели и поети и во нивните дела овековечено и достапно низ целиот свет, а трајно зачувано во библиотеките, музеите и повторно во народот.

Проф. д-р Менде Солунчевски, неговото излагање се осврна на темата за зачувување на обичајното наследство во творештвото на писателите, особено од демирхисасркото поднебје: „Обичајот е општоприфатен начин на живот, работа, однесување, живеење кој со текот на времето се зацврстува како опшественио правило и преминува во традиција. Збирот на сите обичаи, традиции во една држава, регион, на едно поднебје го сочинуваат обичајното и културното наследство. Една од вредностите на секој народ е зачувување на обичајното и културно наследство кое се пластело од дамнешно минато па до ден денес. Тоа е белег за препознатливост, но и своевиден феномен на разлика во културната опстојба низ историјата, како обележје и посебност-идентитет“.
Со свои творби се претставија писателите: Даниела Андоновска, Менде Солунчески, Зоран Котевски, Биљана Солунчевска, Љубе Митрајчески, Милица Радевска, Весна Мундушевска, Никола Илиовски, Лили Бошевска, Добре Тодоровски, Билјана Т. Димко.

На крајот, признанието „ЗАВЕШТАНИЕ“, за оваа година му беше доделено на писателот Божин Павловски.








