marija nas

Со својата страсна игра и залагање заслужено го понесе признанието за МВП на финалниот натпревар во Купот на Македонија во женски ракомет. Оваа сезона со клубот ја освоија и двојната титула. Кариерата на битолчанката Марија Јанкуловска, која веќе две години е во Ѓорче Петров, е во подем. Заедно игра со својата сестра Ангела, за која вели дека и е голема поддршка.

Марија, која сега е матурантка, тренира ракомет од 5 години. Идол и е норвежанката Офтедал, а нејзината желба е да заигра во Лигата на Шампиони.

1
фото:facebook Marija Jankulovska

Читај бе: Марија, најнапред честитки за признанието МВП на финалниот натпревар каде со твојот клуб Ѓорче Петров го освоивте Трофејот во Купот на Македонија. Како се чувствуваш, те држи ли се уште адреналинот?

Марија: Искрено, чувството е прекрасно, се чувствувам задоволно, исполнето, а и со обврска да продолжам во исто темпо. Пресреќна сум што оваа година си ги исполнивме целите односно освојување на двојна круна.

2
фото:facebook Marija Jankulovska

Читај бе: Да се вратиме малку наназад. Кога го засака ракометот? Кој беше моментот кога знаеше дека ракометот ќе биде твојата иднина?

Марија: Ракометот го засакав уште од многу мала возраст. Бидејќи потекнувам од спортско семејство, се што е поврзано со спортот ми е многу блиско. Кога почнав да тренирам ракомет имав само 5 години, па од тогаш желбата и љубовта за него се повеќе и повеќе растеше.

3
фото:facebook Marija Jankulovska

Читај бе: Како течеше почетокот на твојата ракометна кариера?  

Марија: Па како што кажав најпрво на само 5 годишна возраст започнав да тренирам во школата ХЈС (Handball Junior School), потоа се префрлив во Пелистер и сега веќе 2 години сум член на ракометниот клуб Ѓорче Петров.

7
фото:facebook Marija Jankulovska

Читај бе: Како е во тимот, се вклопи ли веднаш?

Марија: Секоја промена на средината е тешка, но со оглед на професионалноста на клубот и девојките во него се вклопив скоро веднаш. Сега веќе во Ѓорче Петров се чувствувам како дома, а девојките ми станаа втора фамилија.

6
фото:facebook Marija Jankulovska

Читај бе: Заедно играте со твојата сестра Ангела…колку си давате меѓусебна поддршка, а можеби и некои совети и финти за во играта?

Марија: Да, заедно играме со сестра ми Ангела и  можам да кажам дека таа ми е најголема поддршка, имав среќа што Ангела веќе беше дел од Ѓорче, со тоа и мене ми беше полесно да се прилагодам на новата средина.

Читај бе: Твојата игра се подобрува од година во година, а си една и од поефикасните ракометарки по дадени голови. Како работиш на себе, на твојата игра, твојот шут…

Марија: Правам сè за да се подобрам од ден на ден. Во тоа спаѓаат вежби, тренинзи и теретана.

Читај бе: Ти си дел и од македонската репрезентација. Какво е чувството да се носи националниот дрес?

Марија: Пред сè да се носи националниот дрес претставува гордост, но и голема одговорност. Чувство дека припаѓаме на една борбена нација и дека имаме голема обврска да го оправдаме тоа што го носиме дресот на нашата Македонија.

5
фото:facebook Marija Jankulovska

Читај бе: Кои се твоите ракометни идоли?

Марија: Па може да се рече дека мој идол е Офтедал.

Читај бе: Несомнено, Битола е градот на ракометот, од овде излегле голем број ракометни ѕвезди…Според тебе, дали треба да се работи на подигнување на нивото на женскиот ракомет во Битола?

Марија: Апсолутно, битолското поднебје како расадник на врвни спортисти заслужува да има подобри услови за развој на сите спортови.

marija borce

Читај бе: Кои се твоите планови и желби за во иднина…

Марија: Моите планови за во идина се што повеќе да се надоградувам и растам како играч и се надевам дека еден ден ќе заиграм во Лигата на Шампионите.

4
фото:facebook Marija Jankulovska

Читај бе: На кој европски или светски клуб би сакала да го носиш дресот?

Марија: Уште од мала сум имала желба да заиграм за големи клубови како што се Гѕор, Виперс, Метз.

441171883 784635993798202 4036334022679606687 n
фото:facebook Marija Jankulovska

Читај бе: Која е твојата порака до младите спортисти во Битола, особено до оние кои го избрале ракометот како спортска иднина?

Марија:  Разликите се во нијансите. Во Битола сепак бев дома и имав повеќе познаници, додека пак во Скопје беше сосема различно, не знаев никого. Но, со текот на времето се вклопив во скопската шема. Така што, позитивната енергија и трудот кој го вложуваме секогаш и секаде ќе се исплати без разлика каде и во кое училиште учиш.

meblo trejd cestitka
Продолжуваат успесите на меѓународни Еразмус проекти во Основното училиште „Даме Груев“ -Битола
Основното  училиште „Даме Груев“ Битола  е препознатливо по низа Еразмус проекти поврзани …
Децата кои се физички активни имаат поголема самодоверба и се подобри ученици
Современото родителство претставува вистински предизвик. Родителите сѐ помалку можат да им влијаат …
jk travel pobaraj ponuda

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…