Постојат пет години, а сигурни сме дека нема битолчанец/ка кој не слушнал за нив. Некогаш три чупиња во бендот, а сега познати како Чупињата и Марио. Што би рекле битолчани, битолско име со тапија! Музиката им е прва љубов на тројцата, иако само Марио е професионален музичар. Дона е дипломиран правник, а Андреја дипломиран економист. Битолчани се секогаш расположени за добра забава, а секоја свирка си е приказна за себе. Малку за бендот, свирките, приемот кај публиката, песните кои ги свират, разговаравме со вокалот – Дона Петрова.

Читај бе: Најнапред кажете ни нешто повеќе за самата група, колку време постои, чија беше идејата…

Дона: Групата неодамна наполни 5 години постоење, а на самиот почеток беше формирана од три чупиња (по битолски), поради што непосредно бендот го доби и своето име. Како три другарки и колешки во градскиот хор ,,Стив Наумов’’ Битола, ја користевме секоја прилика кога ќе бидеме заедно да испееме по некоја песна. Андреја беше секогаш расположена за свирење на гитара и за пеење, а јас и Емилија ја поддржувавме со по некоја терца. Со текот на времето, голем број пријатели кои беа во наше друштво и не слушаа, ја начнаа идејата за формирање на бенд. Така започнавме да настапуваме во локалите на наши пријатели, кои први ни го дадоа најголемиот ветер во грбот. Потоа, кога добивме поддршка од битолската публика, настапите станаа сè почести и можам да кажам дека во Битола нема локал каде немаме настапувано.

Читај бе: Кои се членовите на Чупињата и Марио? Едно кратко био за вас…како сите сте поврзани со музиката…

Дона: Како што споменав и погоре, во бендот членувавме три чупиња, но поради одредени околности, бендот претрпе промени, за денес во него да членуваме јас, Дона Петрова како вокал, Андреја Чукалкова вокал и гитара и Марио Субашевски на кахон. Иако прва љубов на тројцата ни е музиката, сепак само Марио е професинален музичар кој е апсолвент на Факултетот за музичка уметност во Штип, додека јас сум дипломиран правник, а Андреја е дипломиран економист. Па поради тоа што и тројцата сме вработени на различни места, секогаш со нетрпение го очекуваме викендот кога публиката, но и ние самите ќе се почестиме и ќе уживаме со добра песна.

278481866 3097515633853675 2714921107290772016 n
Чупињата и марио

Читај бе: Каде сè сте настапувале изминатите години?

Дона: Најчесто настапуваме пред нашата битолска публика, меѓутоа се дружиме и со публиката во Охрид, Прилеп, Штип, Кичево итн. Често настапуваме и на приватни забави, матури, крштевки и свадбени прослави. Имаме понуди од голем број градови низ државата, па во иднина се надеваме дека ќе успееме да ги реализираме сите настапи кои ни се предвидени и договорени.

Читај бе: Каков е приемот кај битолската публика? Навикнати ли се на клубски свирки?

Дона: Битолчани се секогаш расположени за добра забава. Енергијата која ја испраќаат битолчани ни го дава најголемиот поттик да работиме и понатаму, затоа што сепак, за еден музичар најголемата награда е искрениот аплауз кој ќе го добие по завршување на свирката.

250162902 591865228821307 8936203099077943130 n
Чупињата и марио

Читај бе: Каков е Вашиот репертоар? Што е она што битолчани најмногу сакаат да го слушаат?

Дона: Тоа најмногу зависи од приликите, па така нашиот репертоар е разнолик и во него може да се најдат од англиски и македонски песни, до најпосакуваните т.н. екс-ју хитови и по некоја шпанска и италијанска песна. Но, морам да кажам дека повеќе од половина репертоар е составен благодарение на предлозите кои ги добиваме од публиката.

278470417 1003035467015605 3929527495411655927 n
Чупињата и марио

Читај бе: Кажете ни една интересна случка на која секогаш ќе се потсетувате…

Дона: Случки интересни за паметење ги имаме безброј и секоја на свој начин посебна за нас. На секој настап се случува некој миг кој долго ќе се памети. Благодарение на настапувањата имавме привилегија да запознаеме огромен број луѓе низ целата држава, кои подоцна ни стануваат добри пријатели. Искрено, не би можела да издвојам интересна случка, затоа што секоја свирка си е приказна за себе.

259879356 4996352350452235 2959001866068208352 n
Чупињата и марио

Читај бе: И на крај, една порака до битолчани…

Дона: Музичарите најмногу ја чувствуваат енергијата на публиката, затоа што тоа е нештото кое нè храни и ни дава сила и мотив за да опстојуваме и да се надоградуваме. Нашите битолчани се лидери во ширење позитивна енергија и само посакувам да останат како такви и да се дружиме уште многу години заедно.

278535614 445752137349994 6962057378479869315 n
Чупињата и марио

И за на крај, едно музичко уживање за Вашите уши од Чупињата и Марио.

Error: Contact form not found.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…