Христина Христова од Битола има 23 години и е студент на приватниот факултет ФОН во Скопје, на одделот дизајн и мода. Неа воедно и се врачени неколку дипломи и признанија за успешно завршените курсеви за депилирање и шеќерна депилација, маникир и педикир, гел база, трајна шминка и стручно цртање на веѓи, односно brow lamination. Нејзината мала идеја прерасна во реален бизнис кој дополнително ќе се развива. „Нокс“ е името на новиот салон за нега и убавина и се наоѓа на Леринска 43 Битола. За целиот напор до самата реализација дознавме повеќе информации од битолчанката Христина Христова.

263871115 618010975917259 1788896333889423451 n

Христина, патот до целта во многу случаеви е исполнет со трнливи предизвици кои не прават секако посилни и поупорни. Кажи ни накратко за твојата амбиција кон убавината и негата? Од каде се роди љубовта кон тоа што го правиш денес?
Христина: Најголема улога ja имаше мојата баба која секојдневно се трудеше уште од мали нозе да ме научи како треба една девојка/жена да се негува и изгледа. Но секако за да научиш е потребна голема желба и љубов, a покрај нив амбицијата си доаѓа сама.

264806644 423838906132799 8656065041795944247 n
За твојата возраст, ,,Нокс” е навистина голем предизвик. Колку време ти беше потребно да се одлучиш на ваков чекор и како се одвиваа настаните што се однесува до реализацијата на самиот бизнис план?
Христина: За да се одлучам на овој чекор секако дека размислував долго време. Како што кажавте патот до успехот е исполнет со трнливи предизвици и препреки, но само со упорност ќе постигнете и ќе реализирате се што ќе посакате!

Колку труд е потребно да се отвори бизнис уште од мали нозе и кој се ти помогна во целата процедура?
Христина: Од сон до реализацијата на истиот е потребен голем труд и голема посветеност, а итовремено многу желба и љубов. Секако дека имав голема поддршка како од моето семејство така и од моите пријатели на кои им сум многу благодарна. Сепак морам да ги издвојам моите родители..Мојата мајка, за беспрекорните идеи и мојот татко, кој неуморно работеше на целокупниот изглед на моето студио.

266271107 1038155366757856 1938802481649508066 n
Зборувај ни за твоето искуство. Кои се курсеви си ги посетила, колку долго си се подготвувала и си се тренирала себеси и кои се твоите најголеми достигнувања во овој оддел?
Христина: Сум посетила повеќе курсеви и обуки, нормално целам кон надоградување на истите и посетување на нови. Се подготвувам повеќе време, но за мојот тренинг и обучување се заслужни Академија Клариса и целиот тим на Центарот за убавина „Виола Бјути Центар” на кои им се заблагодарувам од срце.

263679105 432877121836562 1878897428489544574 n
Прифаќањето на ризикот и соочувањето со секој еден малечок детал до реализацијата зборуваат за храброста на човекот. Со која порака би ги инспирирала младите на ваков чекор и кои се придобивките од истиот?
Христина: Во животот потребен е мал ризик за да ја постигнете посакуваната цел. Немојте никогаш да дозволите стравот од неуспехот да биде пречка во остварување на вашите соништа. Придобивките од започнување на сопствен бизнис за мене лично се огромни, научив многу животни лекции кои секако ќе ми користат и понатаму.

Разговараше: Сара Трајчевска

Error: Contact form not found.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…