настан

На 17 декември 2023 година, од 10 до 13 часот за прв пат во нашиот град ќе биде организиран Новогодишен мотивирачки спортски настан во ОУ „Св. Климент Охридски“. Организатори на настанот се: Маја Атанасовска и Дона Димовска.

Маја Атанасовска – организатор на првата женска ноќна трка БИДИ СВОЈА, од која ќе имате можност да слушнете како да се охрабрите и да верувате во себеси, дека не е само да се истрча до целта за минутажата туку дека е најубавата борба и дружба со самата себеси, како и да се верува во зборот МОЖАМ, а не во зборот НЕ МОЖАМ. Тоа е воедно и добра мотивација за следната 2024 година за пријавување на ноќната женска трка.

Дона Димовска – Танцов спортски клуб СПОРТАКУС, со која ќе имате можост да танцувате и да се забавувате. После секој напорен ден добро е да се вежба и танцува за да бидете позитивни за останатиот дел од денот, а исто така имате и можност за учествување на натпревари и дружби надвор од нашата држава и да освојувате медали и награди. Таа има и жени кои веќе се натпреваруваат надвор од државата и ќе ги запознаете доколку сакате да ни се придружите.

Исто така на Новогодишниот мотивирачки спортски настан ќе биде присутна и психологот Билјана Атанасовска која ќе ве мотивира како да се изборите со вашата психичка борба, како да излезете од тоа НЕ МОЖАМ и како да се претвори во МОЖАМ, како во спортот така и во секојдневиот живот.

Ќе присуствува и забавниот и секогаш насмеан и весел кловн ЗАГИ за да го направи настанот уште поинтересен и позабавен за да уживаат и најмалите. Освен сите овие неверојатни активности, ќе има и натпреварувачки игри, а право на учество ќе имаат девојките и жените кои ќе се пријават на страната. Пријавувањето е бесплатно и ќе се објави на социјалните мрежи facebook I instagram. На настанот ќе има и лотарија, а наградите се поврзани за убавината на секоја девојка, жена. Задолжително носење црвени маици и патики за да се биде настанот во новогодишниот дух.
На самиот влез ќе има поставено кутија од која секоја девојка и жена ќе си извлече бројче за лотаријата и на крајот ќе се извлечат и добитничките за СРЕЌНА НОВА 2024 ГОД.

IMG 0cd34529f94d1006b10894133675d833 V
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…