lili kniga

Книгоиздавателството „Матица македонска” ја објави новата поетска книга на Лили Бошевска, „Визуелни елоквенции”. Станува збор за оригинален книжевно-ликовен проект – секоја од песните во книгата е во дијалог со дело од ликовната уметност, од истакнати ликовни уметници од Македонија и од светот. Со тоа, најновото дело на Бошевска се вбројува меѓу оние што во македонскиот културен простор, експлицитно го поттикнуваат дијалогот на поезијата со другите, некнижевни форми на уметнички израз, докажувајќи дека делата од различни уметности можат едно со друго да се дополнуваат, оформувајќи ја големата слика за пораките и светот на творецот.

SAS 0477

„Во уметноста, како и во љубовта, човек може да го даде само она што го има.” Оваа мисла на Владислав Сштемински (1983-1952) се издвојува како носечко мото на книгата на Бошевска, што се потврдува и преку тематско-мотивските преокупации на Бошевска засведочени во песните поделени во осум циклуси. Поезијата од оваа поетска книга, покрај мултимедијалноста остварена со дијалогот со ликовната уметност, се одликува и со силни интертекстуални, пред сѐ хипертекстуални врски со филозофијата и со историјата на книжевноста, пред сѐ со митологијата, во потрагата по одговори на суштински прашања за човековото постоење. Накусо, покрај со концептот и внатрешната архитектоника со која се издвојува како осмислена и заокружена целина со концепт, а не само како збир на песни, „Визуелни елоквенции” се издвојува и со автентичноста на стилот на Бошевска, којшто ја претставува како поетеса-ерудит и промислувач. Значајно е да се напомене дека најголемиот дел од делата од ликовната уметност што се во дијалог со песните на Бошевска се од понов датум, при што во книгата се гради синтеза меѓу архаичното (митолошкото) со интертекстуалната врска во стиховите, колективното, индивидуалното и најсовременото, а притоа се понесува заклучокот дека Бошевска, всушност трага и успева да дојде до поетски одговори на веничните прашања за човекот, творецот и уметникот воопшто.

Раде Силјан
„Матица македонска”

SAS 0433

Промоцијата на најновото остварување на Лили Бошевска, пред бројна публика, се одвиваше на 12.12 2025 во галеријата „Ранко Струмениковски”.

Во книгата, покрај песните со оригинален и веќе препознатлив стил, како инспирации и илустрации избликнуваат и ликовните дела на повеќе домашни и странски ликовни уметници: Сергеј Андреевски, Владо Ѓорески, Никола Пијанманов (Македонија), Валерија Бертесина (Италија),Виктор Мануел Хернандез Кастиљо (Мексико), Деница Јанева(Бугарија), Снежана Кезеле (Србија), Лукаш Богдан (Полска). Автор на корицата е уметникот Владо Ѓорески.

1000039139

На промоцијата со свои осврти се обратија и поетесата Милица Радевска –Димитријовска како претставник на издавачот, рецензентот Добре Тодоровски, Гордана Петров- Такец и галеристот Драган Ристевски. Поезијата ја читаа Климент Ристески, Теодора Кулевска и Рамадан Рустемов.

Филмски репертоар во кино Манаки за оваа недела
Празнувањата се зад нас, а новата година ја започнуваме со атрактивна филмска …
Што значи да се биде Битолчанец денес
Да се биде Битолчанец денес значи да носиш во себе богатство на …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…