nostalgija

Носталгијата означува тага за нешто што веќе не постои. Со неа се идеализира минатото за разлика од сегашноста. 

Поимот носталгија се поврзува со силна тага  жал, копнеж.  

Како психолог ќе ви го поставам прашањето: Зошто чувствуваме носталгија?Ќе ви го дадам и одговорот. 

Во секој од нас се појавуваат позитивни и негативни чувства. А едно од нив е токму – носталгијата.  

Јас би рекла дека носталгијата е неутрално чувство. Таа може да биде и позитивно чувство бидејќи не потсетува и на убави моменти од минатото. Буди позитивни чувства во нас самите кога се присетуваме на одредени наши достигнувања, одредени личности и сето тоа позитивно влијае на менталниот развој и добросостојба на нашата личност.  Од друга страна пак, носталгијата како негативно чувство се манифестира преку одредени ситуации во животот кои што веќе сме ги преживеале, и истите ни предизвикале трауми, ни влеале несигурност и страв, па поради тоа кај нас се појавува тага, копнеж по изгубеното, а сето тоа придонесува на моменти да се чувствуваме неспокојни и несреќни.  

Според сето ова може да се заклучи дека носталгијата може да ја намали но и да ја зголеми нашата самодоверба. Да не дозволиме носталгијата да влијае на нашата верба во себе, да гледаме на работите во животот од поведрата страна, позитивно да ги вреднуваме сите наши напори и постигнувања, да се трудиме да останеме колку што можеме посилни при секој доживеан неуспех, болка или тага, бидејќи лошите искуства во животот уште повеќе ја зацврстуваат нашата личност и самоважност.  

Јас како психолог ве советувам да бидете слободни, да не ги потиснувате вашите чувства на носталгија, без разлика дали се позитивни или негативни, бидејќи носталгијата не потсетува и на добри и на лоши моменти од нашите животи, а ние треба да се носиме со нив и да ги одржуваме во нашето сеќавање, поради тоа што истите ги прават нашите животи комплетни.  

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

70 години од раѓањето на Иљко Стефановски – бескомпромисен творец кој природно му припаѓаше на театарот и театарот нему  

„Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во…