конкретно

Во новото издание на „Нешто конкретно” тема е озборувањето. Кој како и зошто озборува? Дали тоа го прават сите, но не признаваат? Постојат ли личности на кои што им годи да ги озборуваат и дали е вистина дека може дури и да се заработи ако некој те озборува?

Сите одговори ги добивме од нашите гости Нора Шаќири Марковиќ, Агнеса Органџиева, фотографот Дарио Јанковиќ и адвокатот Тале Арсов. 

Ако претходно најозборувани беа јавните личности, денеска со можностите што ги нудат социјалните мрежи сите се на некој начин на тапет, а со самото „рекламирање” на животниот стил што го живеат луѓето, автоматски материјалот за да бидат озборувани е поголем. 

nora min

Нора сподели дека еден од нашите новинари ја направил поранешна девојка на Здравко Чолиќ, а трачот станал толку голем што стигнал до Србија, па Нора лично му се претставила на пејачот и се пошегувала со него дека таа е неговата бивша. Но не сите трачеви можат да бидат прифатени како шега, кога ќе почне да се споменува фамилија, деца тогаш работите стануваат посериозни, а колку често нашите сограѓани тргнуваат правно да ги решат ваквите проблеми ни раскажа адвокатот Тале Арсов.

agnesa min

Од друга страна, Агнеса не се потресува многу кога ја озборуваат – „јас заработувам од тоа што ме оговараат, си го полнам џепчето, а ништо не правам”, истакна таа и додаде дека за неа можат што сакаат да зборуваат, но децата не смеат да и ги стават во уста. 

daro 1

Фотографот Дарио Јанковиќ за првпат во нашата емисија зборуваше за политичарот кој што за него зборувал дека е геј – „немам ништо против таа популација, но не сакам за мене да се зборува така, не сум имал потреба да се правдам и да се докажувам дека не сум геј, но ми смета за мене да зборуваат така”, искрено говореше Јанковиќ.

„Ако на оговарачите оговарањето им е храна, ќе ги нахраниме… и ручек и доручек и вечера”, се пошегува Агнеса.

Целото издание од емисијата е веќе достапно на YouTube, погледнете го на нашиот канал и дознајте уште многу пикантерии што гостите ги открија за себе, а и за своите редовни озборувачи 🙂 

*Читај бе е медиумски партнер на емисијата Нешто конкретно

meblo trejd mialnici
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО“ го прослави 40-от роденден

Кунг Фу Клубот кој гордо го носи името на сопствениот град „Битола”…

Смела и гламурозна креација на Александар Ортак за матурски фустан

Матурската прослава е крајната точка на едно прекрасно животно поглавје исполнето со…