girl 1867092 12801

„Одмаздата не е неопходна. Живеејќи среќно е знак дека не сте дозволиле минатото да ве порази“. Ова е цитат на Леона Браун и содржи неколку важни вистини во двете реченици. Можеби нема веднаш да ви донесе олеснување, но се неопходен водич за оние кои боледуваат и се немаат опоравено од негативните фази на минатото.

Сакате одмазда? Човекот не размислува на одмазда од голема среќа и радост, туку длабоко се има задлабочено во тие мисли. На тие мисли го тераат неправдата и желбата да воспостават рамнотежа. Тешко е да се заборави кога те повредиле, излажиле, искористиле, дека те изневериле луѓе кои си ги сакал и си им верувал, но минатото не може ни да се избрише ни да се препише или преживее. Не можете да натерате друга личност да живее во моралните граници кои се прифатливи за вас.

Некои од важите злоупотребувачи воопшто не размислуваат за вас и не се каат. Некои луге ликуваат како работите не ви одат добро и кога се нервирате. Затоа, опцијата да живеете среќно до крајот на животот не памтејќи го лошото минато и лошите луѓе е многу подобра и поздрава опција.

  • Направете си услуга самите на себе со тоа што нема да сакате да размислувате на минатото
  • Ќе пронајдете рамнотежа и задоволство
  • Ќе осетите одвоеност од злобниците – се повеќе ќе се оддалечувате од нив
  • Сето ова ќе ги нервира тие кои не се добри спрема вас

Затоа е најдобро да не ја одберите одмаздата

  1. Можете да ја насочите својата сила спрема одмаздата, или спрема создавањето.
    Кога се осветувате, сепак значи дека сте фокусирани на фигурата на престапникот, на кого му давате премногу енергија. Живеете ли за таа личност? Можете да управувате со вашиот живот поинаку. Направете нешто смислено и убаво. Направете се за да се чуствувате добро.
  2. Не дозволувајте негативното минато да ја контролира вашата сегашност
    Се додека живеете со идејата за одмазда, оставате минатото да ве контролира. Но зошто доброволно да пристапувате до лошото во вашиот живот кога можете да одберете добро?
  3. Тоа што ви се случило е само лошо искуство. На вас е да одлучите како ќе го искористете ова искуство
    Само прифатете го тоа, наушете од него, доживејте го како една фаза и лекција, или демонизирајте го и дозволете му да ја блокира вашата иднина, што не е баш препорачливо
  4. Лошите работи не треба да имаат место во вашиот живот
    Кога фокусот е на доброто, лошото се растура само по себе, нема повеќе никаква моќ, и со тек на време вашите престапници нема воопшто да ви бидат важни.
Битолски каратисти одат на Балканско
На Државното првенство за деца (У12 и У14) во ката и кумите, …
Колку повеќе им угодувате на луѓето, толку повеќе ве прават будала – 5 совети од психолозите
Угодувањето на другите за да се избегне конфликт или да се добие …
LOGO HOTEL MOLIKA

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…