pexels freestockpro 1008155

Љубезноста на персоналот, атмосферата и услугите на аеродромот играат голема улога во тоа како патниците го доживуваат своето патување. Според ново истражување на британската компанија Airport Parking & Hotels, токму тие фактори одредуваат кои аеродроми во светот се најпријателски расположени кон своите посетители.

Анализирани биле повеќе од 71.000 Google рецензии од патници ширум светот, при што се пребарувале клучни зборови како љубезен, услужен, пријателски настроен и професионален.

Резултатите покажале дека Меѓународниот аеродром Таојуан на Тајван убедливо го зазел првото место — дури 73,6% од сите рецензии ја споменуваат љубезноста и професионалноста на неговиот персонал.

pexels kevin yang 1082993899 31386648

Аеродромот Таојуан, најголемиот и најпрометен во Тајван, се наоѓа во градот Дајуан, околу 40 километри западно од Тајпеј. Тој нуди летови кон повеќе од 100 светски дестинации и е познат по чистотата, ефикасноста и насмевките на вработените.

На второ место се најде аеродромот Корнвол Њуквеј во Обединетото Кралство, каде 73,3% од патниците ги пофалиле пријателските и услужни вработени.
Третата позиција ја зазеде аеродромот Нарита во Јапонија, со 73,1% позитивни рецензии. Освен љубезноста, патниците биле воодушевени и од богатата понуда — од ресторани до салони за убавина.

Топ 10 најљубезни аеродроми во светот (2025):

  1. Меѓународна аеродромска лука Таојуан (Тајван)
  2. Аеродром Корнвол Њуквеј (Обединето Кралство)
  3. Меѓународен аеродром Нарита (Јапонија)
  4. Аеродром Саутемптон (Обединето Кралство)
  5. Меѓународен аеродром Феникс Скај Харбор (Аризона, САД)
  6. Аеродром Солт Лејк Сити (Јута, САД)
  7. Аеродром Минесота-Сент Пол (Минесота, САД)
  8. Меѓународен аеродром Џеџу (Јужна Кореја)
  9. Аеродром Дубаи (Обединети Арапски Емирати)
  10. Аеродром Роналд Реган Вашингтон (Вирџинија, САД)

Иако модерните аеродроми денес нудат безброј содржини, од трговски центри до уметнички инсталации, истражувањето уште еднаш покажува дека најмногу се памети човечката топлина.
Патниците најмногу ја ценат насмевката, добрата комуникација и чувството дека некој навистина сака да помогне.

JK Travel
Времето кое го поминуваме со миленичиња може да биде драгоцено, вели Фројд
Времето што го поминуваме со миленичиња дефинитивно ни помага да се чувствуваме …
Колку сте подлабока личност, толку ви е потешко да пронајдете некого
Длабоката личност е интензивна. Може да биде и малку застрашувачка – затоа …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…